Соопштенија
(Видео) Зеќири: Влезот во ЕУ и НАТО е врвен стратешки интерес и обезбедува бројни придобивки и повеќе пари за сите граѓани

По години изолација и неизвесност, Македонија се врати на патот на евроинтеграциите. Имаме покана за влез во НАТО и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави денеска пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири, како дел од караванот на коалиција „Заедно ЗА Европска Македонија“.
„Влезот во ЕУ и НАТО е врвен стратешки интерес и обезбедува бројни придобивки и повеќе пари за сите граѓани. Со пристапните преговори, а потоа и со членството во ЕУ, се отвораат нови фондови од ЕУ, а постојните ќе се зголемуваат. Денес, нашите пријатели од ЕУ одвојуваат 260.000 евра дневно како поддршка за Македонија. Тоа се 90 милиони евра годишно наменети за земјоделие, инфраструктура, здравство, образование, младински политики. Како што Македонија ќе се доближува до полноправно членство така ќе расте и финансиската поддршка од ЕУ“, изјави Зеќири.
Во програмата за транспорт ЕУ за Македонија обезбедува поддршка од 15,5 милиони евра годишно за изградба на патишта, пруги, тунели, мостови и друга инфраструктура, додаде Зеќири и посочи дека целата финансиска и институционална поддршка од ЕУ е во насока на развој на државата и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани. На крајот од својата изјава тој ги повика граѓаните на 30 септември да излезат и да го искористат своето право на глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Среброва: Да му дадеме на Центар она што го заслужува – чиста, праведна и човечна општина

Јас вечерва стојам пред вас не само како кандидат за градоначалник, туку како една од вас, човек кој веќе десет години е дел од организацијата и осум години модератор на огранокот на Левица Центар, истакна Марија Среброва.
На собирот во Центар беше отворен и штаб на кандидатите за градоначалници на Град Скопје, Амар Мециновиќ и Општина Центар, Марија Среброва, а присуствуваа и лидерот на Левица, Димитар Апасиев и кандидатите за советници.
„Центар е местото каде се организирале антифашистичките печатници и пунктови, каде што се ковал духот на отпорот и слободата“, порача кандидатката за градоначалник на Левица, додавајќи дека оваа општина не е само административна единица тукуе и симбол на достоинство, истрајност и културен идентитет. Од оваа општина, додаде таа, потекнуваат или во неа живееле бројни револуционери, културни дејци и интелектуалци кои го обликувале македонскиот идентитет, од Павел Шатев и Кузман Јосифовски-Питу, преку Невена Ѓорѓиева Дуња и Орце Николов, до Славко Јаневски, Блаже Конески и Горан Стефановски.
Среброва потсети дека ова е четврти изборен циклус за Левица: „Четири циклуси во кои покажавме што значи истрајност, што значи верност кон идејата, што значи да не се продадеш, да не клекнеш, да не потпаднеш на закани и дефетизам. Вие сте тие што го чувате пламенот на левото крило на организацијата. Вие сте совеста на Центар“.
Во своето обраќање таа нагласи дека нивната борба не била лесна: „Не напаѓаа, не подценуваа, не отпишуваа. А ние стоевме исправени – со достоинство, со срце, со верба. Сега е моментот да покажеме дека нашата истрајност не била залудна. Да му дадеме на Центар она што го заслужува чиста, праведна и човечна општина“.
Среброва заврши со зборовите: „Другари, нема предавање. Затоа што за Центар треба да се дише. Треба да имаме Центар што мисли и Центар што не се продава. Време е, затоа што Центар не е касаба.“.
Соопштенија
(Видео) Ружински: Рехабилитација на регионалниот пат Берово-Струмица за економски развој

Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот, вели Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово.
„Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки.
Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец.
Тоа значи темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и нова модерна сигнализација“.
Според него, подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите.
„Заокружете го бројот 9 за проекти кои не поврзуваат“.
Соопштенија
Новотни: Општина Центар не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси

Носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“ во општина Центар и ко-претседател на зелената партија ДОМ, Антони Новотни, во видео-обраќање ја претстави својата визија за почесна, зелена и пристапна општина со јасни правила што важат за сите.
„Знам како изгледаат заморот и анксиозноста со кои многумина живеат во нашиот Центар — од нечист воздух и врева, до изгубени зелени површини,“ порача Новотни, нагласувајќи дека решението почнува од одговорно управување.
„Чистата општина започнува со чиста совест и правила што важат за сите“, вели Новотни.
Новотни подвлекува дека јавниот интерес мора да биде над поединечните привилегии и бизнис интереси.
„Во Центар, јавниот интерес мора да стои пред туѓите привилегии. Општината не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси,“ нагласува Новотни.
Како приоритети, тој ги наведе зелените и тивки јавни простори, пристапноста „од тротоари до институција“, како и транспарентна трага за секоја општинска одлука.
Говорејќи и од перспективата на лекар, Новотни ја поврза урбаната средина со јавното здравје.
„Како лекар, знам дека квалитетот на урбаното живеење влијае на здравјето. Затоа велам — зелено, чесно и заедно“, порачува Новотни, притоа истакувајќи дека ќе води локална политика што „го штити достоинството на секој човек и го враќа чувството на сигурност во секојдневниот живот.“
„Ни треба зелен, тивок и пристапен простор; ни требаат паркови пред паркинзи. Центар ќе биде општина за живеење, а не за преживување. Ако ова е и ваша мерка за политика, застанете со нас — со Коалицијата за зелена иднина“, порачува до жителите на општина Центар носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“, Новотни.