Контакт

Свет

(Видео) Во уништениот музеј во Бразил пронајден е череп стар 11 500 години

Објавено пред

Во остатоците од зградата на 200 години стариот Национален музеј во Рио де Женеиро, кој изгоре во пожар, пронајден е череп за кој се верува дека е еден од најзначајните експонати во музејот.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за черепот на една жена стар 11 500 години, кој бил нарачен „Лусија“, пренесуваат медиумите.

Националниот музеј во Бразил, кој поседувал повеќе од 20 милиони вредни предмети, изгоре во пожар што избувна во понеделникот во утринските часови.

Ден по пожарот група граѓани се собраа пред музејот и побараа влез во зградата со цел да видат што било уништено во огнот, но бразилската полиција со солзавец и палки ги растера граѓаните.

Музејот е формиран во 1818 година и во него се наоѓаа неколку клучни колекции, вклучувајќи ја египетската колекција, грчко-римските артефакти, палеонтолошката колекција, во која се наоѓа и костур на диносаурус пронајден во регионот на Минас Гераис, како и најстариот човечки фосил пронајден во Бразил.

Свет

Русија обвинува: НАТО со трупи во Романија, цел е Молдавија

Објавено пред

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) тврди дека НАТО концентрира воени единици во Романија во близина на границата со Молдавија и дека постои план за истоварување и во украинската Одеската област. Според соопштението, целта е окупација на Молдавија и притисок врз регионот Приднестровје.

dobivaj vesti na viber

Разузнавањето наведува дека први војници од Франција и од Велика Британија веќе пристигнале, а Европската Унија наводно е „одлучна да ја задржи Молдавија во рамките на својата политика по секоја цена“.

Инаку, во недела во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе избираат меѓу европскиот пат и поблиски врски со Москва.

Приднестровје е сепаратистички регион што се одвои од Молдавија во 1992 година со поддршка од Москва и функционира како де факто независна држава со своја власт, армија и валута.

Прикажи повеќе...

Свет

Откриен по 30 години: ноќниот предатор призна вина за сексуалните напади во Сиднеј

Објавено пред

Австралиецот Глен Гери Камерон (61), познат како ноќниот предатор, призна вина за серија сексуални напади врз жени во Сиднеј на почетокот од 90-тите.

dobivaj vesti na viber

Камерон беше уапсен минатата година на аеродромот во Сиднеј кога полицијата со нови ДНК-анализи ги поврза старите случаи. Тој се изјасни виновен за 13 од вкупно 36 дела, меѓу кои – 11 обвинувања за тешки сексуални напади со закана со оружје.

Жртвите, осум жени на возраст од 17 до 45 години, најчесто биле мамени со лажни понуди за работа и нападнати во близина на железнички станици и паркови. Пресудата се очекува следниот месец.

Фото: судски цртач/суд во Сиднеј

Прикажи повеќе...

Свет

Птичји грип потврден во Полска

Објавено пред

Од

Полска пријави појава на високопатоген птичји грип H5N1 на две живинарски фарми, објави вчера Светската организација за здравје на животните (WOAH).

dobivaj vesti na viber

Вирусот е откриен на фарма за гуски и на фарма за мисирки во градот Суш и уби приближно 4.000 птици, објави WOAH повикувајќи се на извештај од полските власти.

Во мај Варшава го потисна вирусот H5N1, според WOAH.

Во меѓувреме, вирусот повторно почна да се шири во Европа и од крајот на август Норвешка, Германија, Португалија и Бугарија пријавија појава на птичји грип. Во средината на јули болеста се појави и на фарма за мисирки во Шпанија.

Птичјиот грип обично се шири меѓу живината во Европа на почетокот на есента, забележува „Ројтерс“.

Варшава минатата недела изјави дека се надева дека ќе ги продолжи испораките во Кина во рок од еден месец по потпишувањето на договорот со Пекинг. Извозот беше суспендиран поради ширењето на птичјиот грип во 2023 година.

Вредноста на извозот на полска живина во Кина се проценува на две милијарди злоти (470,69 милиони евра).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

За шест месеци, 2.012 пожари на отворено во Македонија, уапсени 56 лица за подметнување

Од 01 април до 23 септември, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56...

Македонија32 минути

Условната казна за случајот со терапијата за рак е непочитување на жртвите, рече Андоновска

Пратеничката Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека условната казна изречена за злоупотребата на терапијата за пациенти со рак претставува...

Македонија1 час

Субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на дрва, Мицкоски најави вонредна мерка за почист воздух

Во пресрет на новата грејна сезона Владата размислува за субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на...

Македонија1 час

Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката...

Топ2 часа

Планинари од Белгија спасени од полициски тим: биле нападнати од овчарски кучиња, па бегајќи од нив, се качиле на столб за мобилна телефонија

Вчера во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во...

Македонија4 часа

Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив наместо вистинска правда, добивме минимизирање на трагедијата што нè скрши, вели семејството Ристовски

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд...

Македонија4 часа

„Судството со скандалозната условна казна за докторката од Онкологија покажа дека му служи на друштвото на Заев, Филипче и на уште неколкумина од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на...

Свет4 часа

Уште три европски земји ја признаа Палестина

Премиерите на Луксембург, Малта и на Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова...

Свет6 часа

(Видео) Хонг Конг се подготвува за најлошиот тајфун оваа година: училиштата затворени, летовите откажани

Хонг Конг се подготвува за супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски тајфун во светот оваа година, затворајќи ги училиштата и откажувајќи околу...

Европа6 часа

(Видео) Драматичен говор на претседателката на Молдавија: Кремљ мисли дека сите сме на продажба

Проевропската молдавска претседателка Маја Санду ги предупреди граѓаните на нејзината земја во драматично обраќање дека Москва ги загрозува суверенитетот, независноста...

Европа6 часа

(Видео) Полска до Русија: Предупредени сте

Русија не треба да се жали во Обединетите нации ако нејзините ракети или авиони се соборени откако влегле во воздушниот...

Свет7 часа

(Видео) Трамп ги поврзува „парацетамолот“, вакцините и аутизмот; Научниците: Митови и опасни лаги

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа промовираше недокажани, а во некои случаи и долго побиени тврдења за врска помеѓу лекот парацетамол,...

Европа7 часа

(Видео) Воздушниот простор над аеродромот во Осло беше затворен поради дронови: истото беше и во Копенхаген

Најголемиот дански аеродром во Копенхаген, ноќеска го прекина целиот сообраќај откако беа забележани дронови во областа, потврди полицијата. По Копенхаген,...

Свет16 часа

Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава. Со...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок...

Топ18 часа

Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што...

Македонија18 часа

ДИК со податоци: Пет отфрлени листи за градоначалници

Според податоците добиени од Државната изборна комисија, за претстојните локални избори се потврдени вкупно 861 кандидатска листа – 303 за...

Македонија22 часа

Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад...

Свет22 часа

Путин: Русија е подготвена воено да возврати на Западот

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва сè уште поддржува...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар на скопскиот аеродром?

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање...