Свет
(Видео) Американците масовно ги уништуваат своите „најк“ патики од политички причини

Сè повеќе луѓе во Америка ги уништуваат своите „најк“ облека и обувки, а снимките од ваквиот чин ги објавуваат на интернет. Причината за тоа е политичка.
Имено, преку ваквиот гест тие го изразуваат својот протест бидејќи компанијата „Најк“, светски познат производител на спортска облека и опрема, за својата најнова кампања го ангажираше Колин Каперник, поранешен професионален рагби играч кој пред две години предизвика гнев кај американските десничари бидејќи остана да седи на клупа за време на интонирањето на американската химна.
Believe in something, even if it means sacrificing everything. #JustDoIt pic.twitter.com/SRWkMIDdaO
— Colin Kaepernick (@Kaepernick7) September 3, 2018
Каперник, кога го прашаа зошто не станал за време на изведбата на националната химна, рече дека тоа е вид протест поради големиот број полициски убиства на невооружени Афроамериканци. Спортистот цела сезона продолжи да коленичи за време на изведувањето на химната, а иако следната сезона не потпиша за ниеден клуб, неговата постапка продолжија да ја следат неколку други рагби играчи.
.@Nike Due to your support of C.K. in your coming adds, I as an American can no longer support your company. #boycottNike #IStandForOurFlag pic.twitter.com/5JxSMD8SSO
— AlterAtYeshiva (@alteratyeshiva) September 4, 2018
Новата рекламна кампања на „Најк“, која почна во понеделникот навечер, покажува фотографија од Каперник со текст: „Верувај во нешто, дури и ако тоа значи жртвување на сè“.
Практиката на коленичење за време на изведбата на државната химна остро ја критикуваше и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека тоа е непочитување на американското знаме и војската.
Кратко време по лансирањето на новата кампања на „Најк“, по социјалните мрежи почнаа да се појавуваат слики од уништување патики и облека од оваа компанија. На некои снимки може да се види како горат „најк“ патики, додека други се одлучиле за сечење на логото „најк“ од своите чорапи.
Our Soundman just cut the Nike swoosh off his socks. Former marine. Get ready @Nike multiply that by the millions. pic.twitter.com/h8kj6RXe7j
— John Rich (@johnrich) September 3, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајната служба уништила мрежа на електронски уреди во Њујорк

=Американската тајна служба соопшти дека е уништена мрежа на софистицирани електронски уреди во Њујорк, кои биле користени за закани кон високи владини претставници. Акцијата се одвивала во период кога странски лидери престојуваат во градот поради заседанието на Генералното собрание на ОН.
Уредите биле пронајдени во круг од 56 километри од седиштето на ОН, каде американскиот претседател Доналд Трамп треба да одржи говор. Според првичните анализи, станувало збор за мобилни комуникации меѓу „непријателски актери“ и лица познати на федералните органи за спроведување на законот.
Во операцијата биле запленети повеќе од 300 SIM сервери и 100.000 SIM картички на неколку локации. Тајната служба оцени дека оваа инфраструктура претставувала „непосредна закана“ за безбедносните задачи на агенцијата.
Според соопштението, хардверот можел да се користи за различни телекомуникациски напади – од оневозможување на мобилни базни станици и DoS кибер-напади, до овозможување анонимна и криптирана комуникација меѓу потенцијални непријателски актери и криминални структури.
Мрежата се простирала низ три држави – Њујорк, Конектикат и Њу Џерси.
Свет
(Видео) Макрон му се јави на Трамп: Чекам на улица, сè е блокирано поради тебе

Францускиот претседател Емануел Макрон накратко заглави во сообраќај во Њујорк откако полицијата ги затвори улиците заради безбедносниот кордон на американскиот претседател Доналд Трамп.
Макрон, кој престојува во Њујорк за 80. заседание на Генералното собрание на ОН, бил на пат кон француската амбасада кога возилото во кое се возел било запрено. Според „La Depeche“, францускиот лидер дури пришол до полицаец за да праша за блокадите.
New York police stopped Macron’s motorcade to let Trump pass
In New York, police stopped the French president’s motorcade as the road was closed for Trump’s passage. Macron got out of the car, called Trump, and jokingly asked him to “clear the way.” pic.twitter.com/qO170xUpy5
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 23, 2025
На видеото се гледа како Макрон во шега му се јавува на Трамп и му вели: „Како си? Погоди што? Чекам на улица бидејќи сè е затворено поради тебе.“
Потоа, Макрон продолжил пеш околу 30 минути низ улиците на Њујорк додека разговарал со Трамп. Во меѓувреме, се фотографирал со минувачи, а една личност дури го бакнала во челото.
Свет
НАТО: Руските МиГ-ови во естонскиот воздушен простор не беа непосредна закана

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека руските борбени авиони МиГ-31, кои неодамна влетаа во естонскиот воздушен простор, не биле проценети како непосредна закана.
Руте одржа прес-конференција по состанокот на Северноатлантскиот совет, свикан на барање на Естонија која се повика на член 4 од Вашингтонскиот договор. Таа побара консултации откако три руски авиони без одобрување го нарушија нејзиниот воздушен простор.
„Одлуките за можен ангажман, вклучително и отворање оган, се носат врз основа на достапни разузнавачки податоци и процена на ризикот,“ изјави Руте. Тој додаде дека авиони на НАТО веднаш ги пресретнале руските МиГ-ови и ги „отпратиле без ескалација“.
Во заедничка изјава, НАТО потврди дека сојузниците ќе ги користат сите потребни воени и невоени средства за одбрана и одвраќање на закани, додавајќи дека преданоста кон членот 5 останува непоколеблива.
Руте, одговарајќи на прашања на новинарите, рече дека е прерано да се каже дали Русија е поврзана со неодамнешната појава на дронови во Копенхаген, поради што кратко време беше затворена аеродромската зона.