Свет
САД: Ако немаат каде да се засолнат, бездомниците не смее кривично да се гонат

Американските градови не можат да ги гонат бездомниците кои спијат по улици, доколку тие навистина немаат каде да одат, бидејќи тоа би било сурово казнување со кое се крши Уставот на САД, заклучи сојузниот Апелационен суд.
Со оваа одлука, судот застана на страната на шестмина бездомници од Бојси во Ајдахо, кои во 2009 година го тужеа Градот поради забраната за спиење на јавни места, воведена од страна на локалните власти, пренесе новинската агенција АП.
Одлуката на судот доаѓа во време кога многу градови од Западниот Брег се во костец со проблемот на зголемениот број бездомници, кој се должи на зголемената цена на киријата и нееднаквоста во приходите, додава американската агенција.
Во времето кога бездомниците ја поднеле тужбата, нивните адвокати рекле дека дури 4 500 луѓе немаат каде да спијат во главниот град на Ајдахо и оти во центрите за бездомници биле достапни само 700 кревети или душеци.
Бојси во меѓувреме ги промени правилата, во текот на 2014 година, односно градските власти одлучија дека бездомниците не можат да бидат кривично гонети за спиење на улица во текот на ноќта, доколку локалните центри за бездомници се полни.
Сепак, според правниците, ваквата одлука не го решава проблемот во целост бидејќи центрите во Бојси го ограничуваат бројот на денови во кои бездомниците може да престојуваат таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена на 76 години за првпат стана мајка – чудо што го изненади целиот свет

Ембајте Медин Хагос од Мекеле (Етиопија) стана мајка за првпат на 76-годишна возраст. Таа роди здраво машко бебе. Нејзината приказна одекна низ целиот свет, а многумина ја опишуваат како вистинско чудо.
Ембајте Медин стана мајка преку ин витро фертилизација, која ја извршиле лекари во Индија пред една година. Таа се породи во болница во Мекеле.
„Воопшто не верував кога ми кажаа дека сум бремена “, изјави таа за телевизијата Dimtse Woyane, која објави и снимки од прославата и крштевката на бебето.
Семејството, како и пошироката јавност, реагирале на веста со неверица и емоции.
На социјалните мрежи има безброј коментари, а некои корисници го нарекоа настанот чудо, особено во земја која сè уште се бори со последиците од војната и политичката нестабилност.
Свет
Вулканска ерупција на Камчатка за првпат по 500 години

Вулкан на рускиот далечен исток еруптираше за прв пат по повеќе од 500 години.
Вулканот Крашенјиников на Камчатка синоќа исфрлаше пепел до шест километри.
Нема закани за населените подрачја, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Последната регистрирана ерупција на Крашениников била во 15 век, според раководителот на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка.
Според експертите, синоќешната ерупција би можела да биде поврзана со силниот земјотрес изминатата недела. Предупредуваат дека се можни силни последователни потреси во следните недели.
Полуостровот Камчатка е оддалечен, но се наоѓа во „Тихоокеанскиот огнен прстен“ – така наречен поради големиот број земјотреси и вулкански ерупции.
Свет
(Фото+видео) Масовен протест за Газа во Сиднеј: демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до воено разурнатиот Појас Газа, јавува Ројтерс.
Некои од учесниците на протестната прошетка, која организаторите ја нарекоа „Марш за хуманост“, носеа тенџериња и тави како симболи на глад. Според „9 News Australia“, бројот на демонстранти далеку ги надмина очекувањата на организаторите – дури 90.000 луѓе.
Avustralya’nın Sydney kentinde binlerce kişi İsrail’in Filistin’e yönelik saldırılarını protesto etmek için bir araya geldi.
— Haber HUN (@haberHUN) August 3, 2025
Меѓу учесниците на протестот беа постари лица и семејства со мали деца, како и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, а некои мавтаа со палестински знамиња и скандираа „сите сме Палестинци“.
Во Појасот Газа, во тек е војна меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас, која започна во октомври 2023. Оттогаш, според палестински извори, повеќе од 60.000 луѓе се убиени во Газа, а хуманитарните организации велат дека недостигот од храна води до широко распространето гладување.