Економија
Потпишани договори со 6 општини од 290 милиони денари за инфраструктура
За подобрување на 20 километри патна мрежа и реконструкција на основно училиште, денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски, потпиша договори со градоначалниците на Кавадарци, Кисела Вода, Илинден, Центар Жупа, Желино и Студеничани.
Станува збор за 290,7 милиони денари средства за инфраструктурни проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии во соработка со Светска банка.
Тевдовски најави дека Министерството за финансии набргу ќе објави нов јавен повик до општините преку Проектот за подобрување на општинските услуги.
„Ќе ги повикам сите општини да аплицираат со капитални проекти на новиот јавен повик на Проектот за подобрување на општински услуги, кој Министерствто за финансии ќе го објави до крајот на месецот. За распределба има околу 8 милиони евра, што значат повеќе километри локален пат, комунална инфраструктура, градинки и други значајни проекти за општините и граѓаните. Ги охрабрувам градоначалниците да аплицираат за овие средства и преку проекти да обезбедат подобри општински услуги за своите сограѓани и за развој на општината“, рече Тевдовски.
Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели, истакна дека локалните услуги се најблиску до граѓаните и можат да направат најголема разлика и да ги подобрат условите за живот.
Во општина Кисела Вода средствата ќе се наменат за изградба на атмосферска канализација во населба Пржино. Општина Кавадарци средствата ќе ги искористи за реконструкција на осум улици и на еден булевар во централното градско подрачје.
Во општина Илинден ќе се направи реконструкција на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4. Овој локален пат е од голема важност за општината бидејќи претставува влез во општината Илинден и е главна врска со автопатот Скопје – Атина.
Од општина Желино средствата ќе ги вложат во реконструкција на училиште и на локалните патишта до с.Групчин и Ново село. Центар Жупа ќе ги искористи средствата за изградба на локалниот пат од населеното место Елевци до населеното место Долгаш, кој претставува спој со регионалниот пат Струга-Дебар. Студеничани ќе ги искористи средствата за партнерно уредување на општината и за реконструкција на улица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

