Македонија
Граѓаните ја сфаќаат личната одговорност за иднината на земјава, рече Заев на средбата со данскиот амбасадор

Премиерот Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Данска, акредитиран за Македонија, Андрес Кристиан Хоугард.
Како што се наведува во владиното соопштение, Хоугард пренел задоволство од Данска за тоа како е поставена Македонија во процесите што водат кон отворање на преговорите со ЕУ и кон членство на нашата држава во НАТО.
Заев се заблагодарил за пријателската и принципиелна поддршка од Данска во важните моменти за Република Македонија.
„Мнозинството граѓани ја сфаќаат личната одговорност што ја имаат за иднината на своите деца и за стабилноста на државата со членството на Македонија во ЕУ и во НАТО и јас очекувам успешен референдум. Мотивирани сме како граѓани и како Влада од вреднувањето на нашите реформски напори, како и од потврдените, обновените и зацврстените пријателства со земјите од регионот и од меѓународната заедница. Очекуваме евро-атланските интеграции да донесат и економски напредок од што бенефит ќе почувствува секој граѓанин“, рекол премиерот.
На средбата како важно било посочено и решавањето на билатералните прашања низ меѓусебно почитување на државите, каков што е случајот со Македонија, којашто на таков начин, како што констатирале соговорниците, ги затвори сите прашања со соседите и со тоа отвори пат кон ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.