Македонија
Совет за реформи на правосудниот сектор: Потребна е реформа на Академијата на судии и јавни обвинители
Со презентацијата на судијата Драгомир Јорданов, поранешен долгогодишен директор на бугарската Акедемија за судии и Јавни обвинители, беше отворена работата на петтата седница на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017 – 2022), со која раководеше министерката за правда Рената Дескоска.
Говорејќи за клучните наоди и препораки за оценската мисија за обука на судиите Јорданов потсети дека бугарската Академија изнедрила шест генерации на судии и обвинители, односно обучила стотина лица и дека мото на Академијата за судии и јавни обвинители е: „Правдата не може да биде подобра од оние што ја спроведуваат!“, а дека единствен критериум при вработување се заслугите.

Укажувајќи на проблемот со бројните факултети по Правни науки, а со тоа и на огромната бројка на дипломирани правници, судијата Јорданов смета дека е неопходно планирање на човечките ресурси и секако, заедничка обука на кандидатите.
Министерката Дескоска, осврнувајќи се на препораките, кажа дека се бара начин за трансферирање на истражни судии во Јавното обвинителство на коешто во овој момент му недостасуваат 16 Јавни обвинители, но и за заедничка обука на кандидатите.
Дескоска кажа дека постои уредна евиденција на бројот на правни факултети и при тоа потврди дека во Република Македонија постојат четири правни факултети кои работат во склоп на државните универзитети, еден кој е дел од јавно-приватен универзитет и уште шест факултети на приватните универзитети.

Претседателот на Врховниот суд на Република Хрватска и ЕУ експерт во Врховниот суд и во Судскиот совен на Македонија, Ѓуро Сеса, е на мислење дека не е неопходно постојано менување на законите и потсети на дел од извештајот на Прибе каде е наведено дека законите кај нас се согласно европските закони. Сеса даде свое видување за работата на Врховниот суд, односно за проблемите со кои се судира највисокиот суд во државава.
Со појаснување дека ова е негово второ навраќање во Македонија, правниот експерт Холгер Хембах потврди дека во моментов, како ЕУ експерт, е ангажиран околу реформите во Советот на јавни обвинители.
Во завршницата на седницата, министерката Дескоска искажа благодарност до Европската Унија за партнерстсвото во заложбите за реформите на правосудниот систем во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени седум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија.
По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје е малолетник. По еден возач во Куманово, Велес и Неготино за управување возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, по еден возач во Македонска Каменица и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Македонија
Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион
Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино.
Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и развој.
Со новата механизација значително се зголемува оперативниот капацитет на Русино и се воведуваат современи стандарди во секојдневното работење. Оваа активност е дел од пошироката инвестиција од 55 милиони евра со која започна најголемата инфраструктурна реформа во секторот отпад во државата.
Во следната фаза е предвидена инвестиција од околу 14 милиони евра за рехабилитација и проширување на депонијата, што вклучува изградба на нови депониски ќелии, систем за управување со исцедок и биогас и затворање на постојната депонија.
„Со тоа се обезбедува целосно усогласување со европските стандарди и воспоставување модерен регионален систем што значи крај на дивите депонии и почиста животна средина за граѓаните во Полог“, рече министерот.
Македонија
Јанчев: Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално
Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално, изјави на денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.
Тој истакна дека предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти претставуваат директно стимулирање на дивоградбите и продлабочување на урбанистичкиот хаос.
Јанчев потсети дека законот од 2011 година, кој требало да важи шест години, со низа продолжувања се развлекува на вкупно 20 години, со што наместо да се затвори прашањето за старите објекти, се поттикнува изградба на нови дивоградби.
„Градежното земјиште е ограничен ресурс, а како во природата, така и во општеството, мора да постојат правила за негово користење. Урбанистичките правила постојат за да создадат хумана средина за живеење, а кога не се почитуваат добиваме хаос и безредие. Немаме градски архитекти за одржување на урбаниот ред, немаме урбанистички планови, за многу населени места, а постојните се стари по 15–20 години и не одговараат на реалноста на терен. Планирањето не го води јавниот интерес, туку профитот, кој често е спротивен на јавниот интерес. Имаме населби со број на жители што не одговара на капацитетите на водоводната и канализационата мрежа, недостиг на паркинг места, сообраќајници низ кои не може да помине ни едно противпожарно возило. Во вакви услови да се продолжува рокот за легализација и да се стимулираат нови дивоградби не е паметно, туку е штетно, а може да биде и фатално”, рече Јанчев.

