Македонија
Срeдба на Заев со делегација на заедниците на Власите во земјава

Премиерот Зоран Заев прими делегација на заедниците на Власите со претставници на Заедницата „Браќа Манаки“ од Битола, од Демократскиот Сојуз на Власите, како и други претставници на заедниците на Власите во нашата земја.
Параскева Петровска, долгогодишен новинар и уредник на Редакцијата на влашки јазик во МТВ, го запозна премиерот Заев со работата на редакцијата и изрази очекување дека наскоро Собранието ќе го усвои новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за да може, согласно новите предлози, програмата на влашки јазик да започне да се емитува со зголемен број на емисии и зајакнати капацитети на редакцијата, за да може да се исполни една од целите на оваа програма – чување и негување на влашката традиција, култура и јазик во Република Македонија.
Премиерот рече дека и тој искрено се надева дека опозицијата ќе го откочи блокирањето на законот и дека, конечно, ќе се создадат услови за работа на една професионална и одговорна јавна радиодифузна компанија која треба да биде еден од главните афирматори и промотори на мултикултурниот концепт на нашата земја, и сервис за граѓаните од сите етнички заедници во земјава.
Во име на Заедницата на Власите „Браќа Манаки“ од Битола, претседателот на оваа заедница Христо Чолаковски го информираше премиерот за активностите на оваа заедница во Битола, и информираше и побара решение за некои имотно-правни прашања на оваа заедница.
Во името на Демократскиот Сојуз на Власите, Никола Бабовски укажа на потребата од доследно спроведување на предвидените можности за спроведување на изучувањето на влашкиот јазик како изборен предмет таму каде што има интерес за тоа. Премиерот Заев истакна дека целосно ги поддржува изразените очекувања на заедниците на Власите и дека тоа е согласност за залагањата за негување на посебностите и традициите на етничките заедници во нашата земја согласно концептот „Едно општество за сите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.