Македонија
Османи: Македонија има искрени пријатели чија поддршка ја очекуваме во овие одлучувачки моменти

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во Секретаријатот за европски прашања oствари средба со министерот за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.
За време на средбата вицепремиерот Османи изрази благодарност за севкупната поддршка од страна на Луксембург за нашите евро-атлантски аспирации, a која е повеќе од потребна и добредојдена, особено во овој клучен период на одлуки за нашата евро-атланската интеграција.
„Македонија веќе втора година минува низ еден силен транзициски период во кој, со сесрдна поддршка на нашите меѓународни пријатели, создаваме услови за напредок во европските и евро-атлантските интеграции. Низ целиот овој период државава е соочена со бројни предизвици, а веројатно еден од најважните и најкомплексните е предизвикот за имплементација на Договорот од Преспа, со кој се затвора еден долгогодишен спор меѓу двата соседи Македонија и Грција, и кој преставуваше непремостлива брана за напредокот во интегративните процеси”, изјави Османи по средбата.
Тој посочи дека покрај активностите околу референдумот, Владата, а особено тој како главен преговарач, но севкупно Секретаријатот за европски прашања, како носечко тело на подготовките за преговори, активно работат и на реформскиот процес, подготовките за претстојниот скрининг, но и воопшто, на севкупните подготовки на земјата за преговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.