Регион
Црна Гора ќе прифати пет мигранти

Владата на Црна Гора денеска одлучи дека на барање на Италија ќе прифати петмина мигранти од бродот „Дичиоти“, кои кон крајот на минатиот месец се истоварија на италијанскиот остров Сицилија.
„Владата, признавајќи ги принципите на хуманост и солидарност со луѓето во неволја како традиционални вредности на црногорското општество, потврдени многупати во неговата историја, одлучи Црна Гора да прифати петмина мигранти од бродот ‘Дичиоти’“, се вели на Твитер профилот на црногорската Влада.
Исто така се наведува дека со едногласната одлука Владата ја потврдила својата посветеност на европскиот систем на вредности и го потврдува човековото достоинство. Минатата недела, преку нејзината амбасада во Подгорица, италијанската влада побара од Црна Гора да прими одреден број мигранти, од вкупно 140 кои се симнаа во Сицилија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб, на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.