Забава
Фиренца забрани јадење на улица
Градскиот совет во Фиренца им се закани на туристите со драконски казни – до 500 евра – ако јадат на улица во центарот на градот.
Градоначалникот Дарио Нардела ја прогласи забраната во вторникот, откако жителите и сопствениците на продавниците се пожалија за овој наводен проблем на познатата улица Виа де Нери, позната по своите ресторани и продавници за деликатеси, објави британскиот весник „Дејли експрес“.
Забраната важи само за оваа улица и нејзината непосредна околина, вклучувајќи ја и улицата што води кон галеријата „Уфизи“. Исто така, забраната важи само за време на ручекот и навечер. Календарски, забраната е во сила до 6 јануари.
„Забрането е консумирање храна шетајќи по тротоар, како и на прагови од продавници и куќи, односно на улица“, се вели во текстот на оваа регулатива, во која се наведува дека жителите побарале полицијата да интервенира за да ја направи областа поднослива за живот.
„Новото правило не е насочено кон туризмот, туку кон необразованите посетители кои кампуваат на улица со својот ручек. Тоа не е казнена мерка, туку средство за одвраќање. Ако туристите се однесуваат во Фиренца како што се однесуваат дома, тие секогаш се добредојдени, особено доколку сакаат да ги вкусат нашите гастрономски специјалитети“, ја објасни Нардела оваа прилично невообичаена одлука и додаде дека во моментов жителите не можат да влезат во своите домови поради туристите кои често седат пред прагот на нивните порти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ноември носи пресврт: Три хороскопски знаци излегуваат од тежок период
Ноември 2025 носи значајни промени на астролошката сцена, а за три хороскопски знаци — Девица, Близнаци и Риби — ќе означи крај на тешко поглавје и почеток на нов, поволен период.
Девица — конечно доаѓа мир и јасност. Напнатите денови се зад вас, а крајот на месецот носи нова енергија и можност за реализација на идеи. Можно е и помирување со блиски луѓе, а љубовта и семејните односи добиваат хармонија со влезот на Венера во Стрелец.
Близнаци — професионален подем и стабилност. По период на застој, завршува ретроградното влијание на Сатурн и Меркур, што отвора пат кон успех и признание на работа. Крајот на месецот е идеален за грижа за себе и обновување на енергијата.
Риби — повраток на сила и самодоверба. По долгиот ретрограден период на Сатурн во вашиот знак, конечно чувствувате стабилност и внатрешен мир. Крајот на месецот ви носи мотивација, јасност и нова вера во себе.
Забава
Деми Мур откри дека го изневерила сопругот ноќта пред венчавката: „Побегнав од сопствената моминска вечер“
Холивудската актерка Деми Мур открила дека го изневерила својот прв сопруг, музичарот Фреди Мур, ноќта пред нивната венчавка во 1981 година — признание што го објави во своите мемоари.
Актерката, која тогаш имала 18 години, признала дека ја напуштила својата моминска вечер за да се сретне со маж што го запознала на снимање.
„Наместо да ги пишувам заветите, се искрав и отидов кај него“, напишала Мур.
Таа објаснила дека не можела да се соочи со своите сомнежи пред бракот, па го саботирала уште од почетокот.
„Бев егоцентрична тинејџерка која не била воспитана со многу почит кон бракот,“ додала актерката.
Бракот со Фреди Мур траел четири години, по што актерката се омажила за Брус Вилис, со кого има три ќерки, а подоцна и за Ештон Качер.
Забава
„Инстаграм“, конечно, ја добива функцијата што сите ја сакаат
Многу корисници ја бараа оваа функција, а „Инстаграм“, конечно, им ги исполни желбите.
„Инстаграм“, конечно, ги послуша своите корисници: популарната социјална мрежа воведува нова функција „Историја на гледање“, која ви овозможува да ги прегледате сите видеа од Reels што сте ги гледале претходно, дури и ако не сте ги лајкнале, зачувале или споделиле.
Досега, ако случајно сте „скролувале“ преку интересно видео од Reels и сте заборавиле да го зачувате, беше речиси невозможно повторно да го пронајдете. Новата функција го решава токму тој проблем.
Како што објаснува извршниот директор на „Инстаграм“, Адам Мосери, многу корисници барале начин да ги пронајдат видеата што претходно ги гледале, но не ги зачувале, а оваа функција е директен одговор на овие барања.
View this post on Instagram
Функцијата „Историја на гледање“ ќе биде достапна во делот „Ваша активност“. За да пристапите до неа, треба да го отворите вашиот профил, да ги допрете трите реда во горниот десен агол, потоа да изберете „Ваша активност“ и да ја пронајдете „Историјата на гледање“.
Корисниците ќе може да ги видат сите претходно гледани видеа подредени хронолошки, како и да ги сортираат според времето на гледање или авторот. Тие исто така ќе може да избришат поединечни ставки или целата историја одеднаш.
Новата функција се воведува постепено и треба да биде достапна за сите корисници во светот во наредните недели.
Фото: Принтскрин

