Македонија
(Видео) Со референдумското прашање власта создава забуна кај граѓаните, рече Мицкоски на средбата со Курц
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на којашто рече дека повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање свесна забуна кај граѓаните бидејќи, како што кажал, со него се прикрива вистинската содржина за тоа што треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција.
На средбата Мицкоски истакнал дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција затоа што истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација.
„Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија“, истакнал Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ подвлекол дека членството во ЕУ и НАТО претставува стратешки државен интерес и дека неговата партија е отворена за понатамошна продлабочена соработка со Австриската народна партија како сестринска партија во рамките на Европската народна партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

