Македонија
Ле Дриан: Договорот меѓу Македонија и Грција претставува значаен развој на настаните за регионот
Спогодбата од јуни во врска со името меѓу Македонија и Грција претставува значаен развој на настаните за регионот, смета францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан.
Тој вели дека Франција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и тие по вокација треба да се приклучат кон Европската унија, кога сите критериуми за нивното пристапување ќе бидат целосно исполнети.
„Во исто време, Европската унија треба да се преизгради и нејзиното функционирање да се подобри пред да биде во можност да прими нови земји-членки. Заклучоците усвоени од Советот на 26 јуни оваа година се однесуваат на тие моменти. Без одлука во оваа фаза за отворање на пристапните преговори со Европската унија со Македонија и Албанија, заклучоците ги вреднуваат напорите на овие земји направени во последниве месеци за нивно приближување до Европската унија. И покрај тоа што не е формален критериум за процесот на проширување, спогодбата од јуни во врска со името меѓу Македонија и Грција претставува значаен развој на настаните за регионот“, вели Ле Дриан.
Во врска со членството во НАТО, тој додава дека склучувањето на спогодбата ја оправдува поканата за започнување на разговорите за пристап кон Алијансата, преку Декларацијата од Самитот во Брисел.
„Што се однесува до отворањето на преговорите за пристапување кон Европската унија, заклучоците на Советот од јуни предвидуваат одново да се преиспита состојбата во Албанија и во Македонија, во јуни 2019 година, врз основа на извештајот на Комисијата и со оглед на големиот број критериуми, вклучувајќи го и напредокот во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Ние ќе го следиме реално постигнатиот напредок, во контекст на извештаите од Комисијата од 17 април кои откриваат недостатоци во овие две области. Во меѓувреме, од суштинско значење е да се развие практична соработка меѓу балканските земји и Европската унија, со цел да се продолжи со зацврстување на регионот во Европа“, вели францускиот министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

