Македонија
(Видео) Македонија слави 27 години самостојност, oтпочнаа активностите за прослава на Денот на независноста
Со положување свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, на градските гробишта Бутел, и на споменикот на Ослободителите на Скопје, во дворот на Владата на Република Македонија, како и со посетата на спомен домот, родната куќа на родоначалникот на современиот македонски јазик Блаже Конески во Небрегово, прилепско, денеска отпочнаа владините програмски активности во рамките на одбележувањето на празникот „Ден на независноста на Република Македонија – 8 Септември“, соопштуваат од Владата.
На Градските гробишта Бутел, на вечните почивалишта на претседателите на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, венци со свежо цвеќе положи и почит кон споменот на претседателите оддаде владина делегација предводена од Претседателот на Владата, Зоран Заев, во придружба на Заменик претседателот во Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и Зорица Апостолска, министеркa без ресор задолжена за странски инвестиции.

Владина делегација во состав Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Рената Дескоска, министерка за правда, и Аднан Кахил, министер без ресор задолжена за странски инвестиции, пак, положи свежо цвеќе на споменикот на Ослободителите на Скопје, во дворот на Владата.

Покрај владините, венци со свежо цвеќе положија и многубројни други делегации како на Претседателот на Република Македонија, на Собранието на Република Македонија, на АРМ, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, како и на општествени институции и организации и политички партии.
Делегација на Владата на Република Македонија составена од министерот за култура Асаф Адеми, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, и од заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, со посетата на спомен домот, родната куќа на Блаже Конески во Небрегово, прилепско, му оддаде почит на родоначалникот на современиот македонски јазик, се додава во владиното соопштение.
Централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на независноста продолжува вечерва со културно-забавна програма во дворот на владата, во рамките на на која свое обраќање ќе има и премиерот Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

