Македонија
Министерот за култура, Асаф Адеми престојуваше во работна посета на Република Албанија

Министерот за култура Асаф Адеми вчера престојуваше во работна посета на Република Албанија, при што во Тирана оствари средба со својата албанска колешка Мирела Кумбаро Фурџи.
На средбата, како што информираат од министерството, министрите ги потенцирале одличните релации во областа на културата меѓу двете земји што е потврдено и со потпишувањето на Програмата за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015 – 2020 година.
Исто така, се додава во соопштението, Адеми и Кумбаро Фурџи ја подвлекле добрата соработка во сите дејности од културата меѓу двете земји што се потврдува и со многубројните реализирани активности во областа на музичко-сценската, фолклорната, издавачката и театарската дејност, што резултираше со голем број гостувања на уметници од Македонија во Албанија, како и реципрочни гостувања на уметници од Албанија на меѓународните фестивали во нашата земја.
Уште еден значаен документ со кој се унапредуваат релациите во областа на културата е и потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Националната галерија на Македонија и Националната галерија на Албанија со кој се ставаат во функција просторните и интелектуалните ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари, предавања, додаваат од министерството за култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )
Македонија
МОН: Платите во училиштата од овој месец се зголемени за седум проценти и ќе продолжат да растат

Платите на наставниците и директорите во основното и средното образование од овој месец се зголемени за 7% и ова е второ зголемување во мандатот на актуелната Влада, откако претходно во октомври 2024 година беа зголемени за 5%. Повеќе никој не зема плата под минималната, како што беше тоа случај во минатото со техничкиот персонал, соопшти Министерството за образование и наука.
Реакција на МОН како што велат е поттикната од лагите кои денеска ги изнесе политичката партија Левица, за наводно енормно зголемување на платите на директорите на основните и средните училишта, споредбено со зголемувањето на платите на наставниот кадар.
„Платите на директорите и наставниците се зголемени во просек од околу 2500 до 3500 денари, во зависност од звањето, стажот и степенот на образование“.
Потсетуваат дека веќе е направен план за долгорочен раст на личните примања кои во период од 4 години ќе пораснат најмалку за 46% а најмногу до 60%, зависно од степенот на инфлација.
„Левица оспорува договор помеѓу социјални партнери, односно институција и синдикат и изразува непочитување кон нив, како и кон целата јавност со обидите за манипулација и собирање политички поени“, истакнуваат од МОН.