Македонија
Kонкурс за втор циклус студии на Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид
Во периодот од 10 септември до 10 октомври е рокот за пријавување на постдипломски студии на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Охрид. Запишувањето на кандидатите е на 18 и 19 октомври.
Запишување ќе се врши на програмите за Информатички науки и технологии и Применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика и тоа Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита за податоци. И двете програми се актуелни со можност за усовршување и продлабочување на претходното знаење од областа. Програмата за Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци се воведува од оваа година и нуди увид во најновите достигнувања од областа, што е една од ретките можности за усовршување во таа област во Македонија.
Повеќе информации во однос на условите за упис може да се добијат на веб-страницата на универзитетот: uist.edu.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

