Македонија
Царовска во Ранковце: ЕУ инвестира 70 милијарди евра за вработување и мобилност на работници
Со влeгувањето на Македонија во ЕУ и НАТО ќе ни стане достапен и европскиот социјален фонд преку кој Унијата инвестира над 70 милијарди евра во квалитетно и одржливо вработување и мобилност на работници. Младите повеќе нема да ја бараат Европа надвор од границите. Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие. Ова го изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која ја посети општина Ранковце.

Царовска истакна дека законските измени со кои се зголемува поддршката за раст на платите е само почеток на зголемувањето на платите во Македонија. Со влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ земјата ќе се приближува до европскиот стандард.

„Посетата ја искористив да видам какви се условите, како се имплементира минималната плата и уште повеќе да ги мотивирам компаниите да ги искористат придобивките од новиот Закон за раст на платите и поддршка на растот на платите. Со овој закон ние обезбедуваме 30% од разликата помеѓу бруто-платата во тековниот месец и просечната плата исплатена во последните три месеци лани, односно најмногу до 1 200 денари месечно по работник.
Поддршката позитивно ќе влијае на растот на животниот стандард на работниците и продуктивноста на компаниите “, рече Царовска, која посети текстилни погони во Ранковце.
Царовска се сретна и со градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски, а со граѓаните од врата до врата разговараше за отворање градинки и подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

