Свет
Во Јапонија усмртени 546 свињи поради епидемија на свинска треска
Локалните власти во Јапонија соопштија денеска дека усмртиле 546 свињи на островот Хоншу по појава на епидемија на свинска треска, прва во последните 26 години.
Претставник на префектурата Гифу изјавил дека повеќе од 65 свињи се уништени од 3 септември поради епидемија на болсета. Контроли се спроведуваат на други фарми во префектурите и досега не е утврден ниту еден случај.
Свинска треска, која се разликува од смртоносната африканска свинска треска што се појави во Кина, е откриена на фарма во градот Гифу, соопшти Министерството за земјоделство.
Детектираната болест е класична свинска треска, позната и како свинска колера. Болсета се појавува меѓу свињите и дивите свињи и не е заразна за луѓето. Потеклото и причината на болеста е под истрага.
Јапонија го суспендира извозот на свинско месо по појавата на болеста. Таа е 10-ти најголем произведувач на свинско месо во светот, а извозот на свинско месо и преработката годишно достигнува околу 108 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шолц: Не ја исклучуваме можноста авионската несреќа во Литванија да е резултат на хибридна војна
Германските лидери ја покренаа можноста дека вчерашната несреќа на товарниот авион на „ДХЛ“ во Литванија се должи на саботажа или хибридна војна.
Товарниот авион летал од Лајпциг, Германија за Литванија, а требало да слета на аеродромот во Вилнус кога паднал на неколку километри од пистата. Авионот се лизгал по земјата неколку стотици метри пред да удри во куќата, соопштија литванските власти.
На прашањето дали несреќата е резултат на хибридна војна, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави за јавната телевизија „ЗДФ“ дека размислуваат за тоа.
„Размислуваме за тоа, внимателно ја следиме ситуацијата, во моментов не можеме да потврдиме, но тоа би можело да биде така – има многу лоши форми на хибридна војна што ги гледаме во Германија“, рече канцеларот и додаде дека причината за несреќата треба внимателно да се истражи, но дека не би обвинил никого додека не може да го докаже тоа.
Неговите коментари уследија по сличните изјави на германската министерка за надворешни работи, Анален Баербок, која, според извештајот на Ројтерс, им изјавила на новинарите на самитот на Г7: „Фактот дека сега, заедно со нашите литвански и шпански партнери, сериозно треба да се запрашаме дали ова е несреќа или повеќе хибриден инцидент што покажува во какви нестабилни времиња живееме во моментов, дури и во центарот на Европа“.
Литванските власти, од друга страна, ја минимизираа можноста за саботажа, инсистирајќи на тоа дека се уште не се пронајдени докази кои би укажувале на саботажа.
„Нашите првични информации не покажуваат дека ќе треба да истражиме посериозни дејствија“, рече обвинителот Артурас Урбелис во изјавата што ја пренесе Ројтерс.
„Можеби ќе најдеме знаци на друга активност додека истражуваме“, додаде тој.
Американскиот Национален одбор за безбедност во транспортот испраќа свој персонал да помогне во истрагата, објави Ројтерс, заедно со претставници од Боинг и Федералната управа за авијација на САД.
На снимката од блиската безбедносна камера се гледа како авионот паѓа, а потоа исчезнува. По неколку моменти, на небото се појавува голем огнен облак.
Во несреќата загина еден член на екипажот. Тројца други на летот, вклучувајќи го и пилотот, преживеале, заедно со 12 лица во куќата кои биле евакуирани на безбедно, според локалните власти.
Шефот на литванската контраразузнавачка служба, Дариус Јаунискис, на прес-конференција за новинарите изјави дека тероризмот не е исклучен.
Свет
Шефот на дипломатијата на ЕУ: Израел да го прифати предлогот за прекин на огнот во Либан
Високиот комесар за надворешни работи и безбедност на ЕУ денеска ја повика израелската влада да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан, кој според него ги содржи сите неопходни безбедносни гаранции за Израел.
Жозеп Борел на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија изјави дека нема оправдување за неприфаќање на договорот и смета дека треба да се изврши притисок врз Израел веднаш да го одобри планот.
„Да се надеваме дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе го одобри договорот за прекин на огнот предложен од САД и Франција. Нема повеќе изговори и барања“, рече Борел.
Според висок израелски функционер, се чини дека Израел може да го прифати американскиот план за прекин на огнот со Хезболах.
Израелскиот безбедносен кабинет се очекува да се состане подоцна денеска за да разговара и евентуално да го одобри текстот на состанокот со кој претседава премиерот Нетанјаху, рече претставникот.
Либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб изјави дека се надева оти до вечерва ќе биде постигнат прекин на огнот за ставање крај на борбите меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах.
Борел како една од спорните точки на планот го наведе учеството на Франција во комитетот за следење на прекинот на огнот со кој претседаваат САД. Борел потврди дека Либан конкретно побарал Франција да биде вклучена, но дека Израелците биле амбивалентни околу учеството на Франција.
„Тоа е една од точките на планот што ни недостасуваат“, рече Борел.
Предлогот подразбира повлекување на израелската армија од јужен Либан и распоредување на редовни сили на либанската армија во пограничната област, упориште на Хезболах, во рок од 60 дена.
Свет
Борис Џонсон ја обвинува англиската црква за зголемувањето на дебелината во земјата
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека верските водачи треба да се справат со духовната празнина наместо со репарации за ропството бидејќи, како што рече, духовната празнина ги тера луѓето да јадат.
Тој ја обвини англиската црква за порастот на дебелината во Обединетото Кралство велејќи дека неуспехот на црквата да им обезбеди на луѓето духовна храна што им е потребна ги навела луѓето да се прејадуваат, пишува „Тајмс“.
Џонсон рекол дека кога бил помлад, ретко кој од неговото одделение бил дебел.