Свет
Епидемија на колера во Зимбабве – над 2.000 заразени и 20 мртви
Во Хараре, главниот град на Зимбабве, прогласена е епидемија на колера кога бројот на смртни случаи се искачи на 20, а повеќе од 2.000 луѓе се заразиле со контаминирана вода, изјави денеска министерот за здравство, Одабија Мојо.
„Прогласивме вонредна ситуација во Хараре. Тоа ќе ни овозможи да ја ставиме под контрола колерата, тифусот или што и да се случува во градот. Не сакаме повеќе жртви“, изјави Мојо по обиколката во болница во која се лекуваат пациентите од главниот град на Зимбабве, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брзата помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за „Танјуг“ изјави дека Весиќ, по специјалистичкиот преглед, е задржан на одделението за коронарна интензивна нега со одобрение на судијата за претходна постапка.
Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на натстрешникот на железничката станица во овој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.
Свет
Путин повика да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е неопходно да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави (ЗНД).
Путин ова го изјави во писменото обраќање што го прочита директорот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, на 20. состанок на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на деветте поранешни советски републики.
„Денес, во тешки геополитички услови, вашата конструктивна интеракција е особено важна“, посочи рускиот лидер и оцени дека за да се одржи стабилна ситуација во регионот, неопходно е да се идентификуваат и анализираат заканите за колективната безбедност, да се разменат информации и искуства, пренесува „Известија“.
Европа
Британски министер: Нашите војници нема да одат во Украина
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека Обединетото Кралство нема да испрати војници во Украина, откако вестите сугерираа дека Британија и Франција ја разгледуваат оваа опција.
Тензиите меѓу Русија и Западот значително ескалираа во последниве денови, откако американскиот претседател Џо Бајден ја овласти Украина да користи ракети со долг дострел доставени од САД за напад на цели во Русија.
„Монд“ вчера објави дека Франција и Велика Британија „не ја исклучуваат“ можноста за испраќање војници и приватни одбранбени компании во Украина, повикувајќи се на неименувани извори.
Дебатата за испраќање војници во Украина беше повторно покрената по посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Франција на 11 ноември, пишуваат француските весници.
Но, на прашањето за извештајот во интервју, британскиот министер за надворешни работи рече дека ставот на ОК да не испраќа војници во Украина не е променет.
„Јасно е дека сме подготвени и дека продолжуваме да ги поддржуваме Украинците, особено со тренинзи, но постои долгогодишен став дека не испраќаме британски војници на местото на настанот“, изјави Лами за весниците Ла Република, Ле Монд и Ди Велт на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.