Македонија
Политичка исповед на Љубчо Георгиевски – објавена книгата ,,Мојата македонска приказна”
„Мојата македонска приказна: Каде одиш, Македонијо?” е насловот на новата книга чиј автор е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Во книгата на околу 400 страници, ја изнесува својата лична и политичка исповед, од денот кога прв пат се впушта во политичките води до денешни дни. Во книгата, читателот ќе се сретне со низа факти и настани кои авторот прв пат јавно ги изнесува, потврдувајќи ја својата посветеност на македонското дело.
Покрај другото, тема во книгата на најмладиот македонски премиер, се најкритичните мигови на современата македонска историја од осамостојувањето до денес, но и премрежијата низ кои мина партијата што ја основа и во чиј развиток се вложи себеси.
Дури и површна анализа на текстот укажува на своевиден животен и политички тестамент на авторот, исплетен од неверојатна искреност на еден политичар. Барем онака како сме навикнале читајќи памфлети на политичари од сите епохи. Во таа смисла, на едно место Георгиевски ќе напише:
„…Земајќи ја предвид мојата метаморфоза, сигурен сум дека ако не бев ангажиран во политиката ќе бев познат македонски писател. Можеби, тоа ќе беше подобро и за мене лично и за Македонија!
Во книгата, ќе ги сретнете имињата на околу стотина личности од историјата на Македонија, но и на наши современици – негови соработници, политички противници и личности кои имале влијание на неговиот личен и политички живот. Книгата чини 500 денари.
Љубчо Георгиевски е роден во Штип на 17 јануари 1966 година. До завршувањето на средното образование живеел во Делчево од каде и потекнува. По завршувањето на гимназијата своето образование го продолжил на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”.
Георгиевски ѝ припаѓа на групата млади македонски политичари од десната провиниенција. Основач е на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин прв претседател до мај 2003 година, а потоа нејзин почесен претседател. Тој бил и почесен претседател на ВМРО Народна партија од нејзиното основање до 2012 година кога станува нејзин претседател. Тој и денес е претседател на таа партија.
Бил политички ангажиран како потпретседадел на претседателот на Република Македонија во 1991 година и пратеник во Собранието од 1992 до 1994 година, потоа од 2002 до 2008 година и претседател на македонската влада 0д 1998 до 2002 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Граѓаните жестоко ги казнија политиките на Филипче под менторство на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е вистинскиот избор за Македонија да почне да ги гради темелите кои се рушеа за седумгодишното владеење на СДС.
Граѓаните ги препознаа досегашната работа, искрените намери и одлучност Македонија да почне да се развива, затоа и ги избраа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.
На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, освои 54 општини и градот Скопје.
Овие локални избори се значајни и поради фактот што во општини како Кичево, Карпош и Струга со победата на ВМРО-ДПМНЕ се случија и историски промени.
Благодарение на поддршката и довербата од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ издвојува големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија, Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево, до сега раководени од кадри на СДС.
Со победата на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје, граѓаните избраа работа, решавање на хаосот и реални проекти за развој на градот.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во останатите општини убедливо победија, наспроти нивните противкандидати.
Од друга страна, пак, на овие избори СДС доживеа уште еден огромен дебакл и сега веќе е трета партија во државата, зад ВРЕДИ, нашиот коалициски партнер.
Со околу 126 илјади гласа, СДС освоени само 6 општини и околу 230 советника. На ова ниво, до сега СДС никогаш не биле.
Ова е јасна порака дека граѓаните се против политиките на Венко Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев. Наместо да се оградат и дистанцираат од него, Филипче и целото раководство на СДС, продолжуваат да го величат ликот и делото на Заев, човек кој ја распродаде и уништи Македонија.
Тоа граѓаните, не само што веќе не го трпат, туку и жестоко го казнуваат.
На Македонија и треба силна опозиција која со конструктивни политики и со луѓе со кредибилитет, ќе биде коректор на власта. А, Филипче и ова раководство на СДС во моментов се во политички офсајд и без никаков кредибилитет.
Затоа се потребни итни промени во раководството на СДС, време е Филипче да замине од политиката и да ја ослободи партијата за нови и некомпромитирани кадри“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.
На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во „поубав и поевтин хотел“.
Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

