Црна хроника
Се судрија „бмв“ и „ауди“ – повредени двајцата возачи
Двајца возачи се повредени при судир на „бмв“ и „ауди“. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 12.30 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод на раскрсницата со улицата Рудничка.
Се судриле возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н. (37) од Кичево, и „ауди“, управувано од И.Р. (37) од Македонски Брод. Во незгодата тешки телесни повреди добиле двајцата возачи, а по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево, А.Н. е препратена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.