Свет
Боно со нацистички поздрав ги исмеа шведските популисти на концертот во Париз
Ирската рок-ѕвезда Боно во неделата со нацистички поздрав за време на концертот го исмеа изборниот успех на шведската популистичка партија Шведски демократи, пренесува „Брејтбарт“.
Педесет и осумгодишниот рокер, кој настапуваше како своето мрачно алтер его, г. Макфисто во Париз, двапати го изведе нацистичкиот поздрав пред да го извика Åkesson! како алузија на харизматичниот лидер на Шведските демократи, Џими Екесон.
„Тој постигна добар успех на изборите денес… Се чини, Швеѓаните почнуваат да го откриваат својот ариевски потенцијал“, рече Боно. „Сакам избори. Сакам балони. Ги сакам… партиите што излегуваат од контрола“.
Боно коментира по успехот на Шведските демократи на парламентарните избори во неделата кога популистичката националистичка партија освои 18 отсто од гласовите, што резултира со тоа што ниту една од традиционалните партии не освои мнозинство.
Прес-секретарот на Шведските демократи, Хенрик Густафсон, рече дека не е изненаден од нападот.
„Кога шведските славни личности очигледно немаат реална претсава за нас и за нашата партија, не е ни чудо што ситуацијата е уште полоша со личностите како Боно“, рече тој во изјавата.
Ова не е првпат Боно јавно да ги изрази своите политички ставови. Тој неодамна стана гласен критичар на американскиот претседател Доналд Трамп и се залага за Велика Британија да остане во Европската Унија против демократските желби на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа ја потврди средбата на Трамп со Зеленски за утре
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа.
Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.
Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Повеќе детали не се соопштени. Зеленски овој состанок го најави вчера на социјалните мрежи.
Тој рече дека во таа пригода ќе претстави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главен фокус на средбата ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.
Свет
Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Kyiv is dying – just a few hundred kilometers from the NATO border.
All because Europe is led by the most cowardly and stupid politicians like Merz, Macron, Starmer, Meloni, and Tusk. pic.twitter.com/GqvmYbCwMf
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) December 27, 2025
Свет
Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со Зеленски
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други европски лидери, изјави портпарол на ЕК.
Белата куќа претходно соопшти дека Трамп ќе се сретне со Зеленски утре во Палм Бич на Флорида.
Средбата е закажана за 15 часот по локално време и ќе биде посветена на напорите за прекин на војната во Украина.

