Контакт

Соопштенија

(Видео) Ангелевска: Заев бега од дебата со Мицкоски оти нема објаснување за капитулантскиот договор

Објавено пред

Силвана Ангелевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, и Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беа во теренска посета на општина Долнени во рамките на акцијата „Лето за Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Разговаравме со жителите на оваа општина и од она што можевме да го чуеме од граѓаните, совршено ни е јасно зошто Зоран Заев не сака да излезе на јавни дебати и на ТВ-дуел.
Состојбата во државата е катастрофална, а тоа го потврди и поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. Зоран Заев не сака да излезе на ТВ-дебата со нашиот лидер Христијан Мицкоски заради тоа што на народот треба да му објасни зашто сака да го промени името на државата, идентитетот, културата, историјата на нашата земја“, рече Ангелевска.

Таа додаде дека на овие граѓани им беше ветен живот, а од животот овде нема ништо.

„Состојбата е катастрофална, овој народ овде се занимава со земјоделство. Ветувано им беше многу, ветено им беше дека ќе има откуп на нивните земјоделски производи, но од тоа нема ништо. Ветувано им бе дека откупувачите овде ќе се тепаат, меѓутоа и од тоа нема ништо.
Зоран Заев треба да му објасни на овој народ зошто ги менува името, идентитетот и историјата на овој народ.

ВМРО-ДПМНЕ е против овој капитулантски договор кој е потпишан со нашиот јужен сосед затоа што се менува историјата, се менуваат нашите корени. Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ им апелираме на граѓаните да се водат од сопствените чувства, да се водат од сопственото срце и на 30 септември да го искажат својот став онака како што мислат по свое сопствено убедување“, додаде таа.

Соопштенија

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје – Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

Објавено пред

Од

На 12 јуни, со почеток во 18:00 часот, на кејот пред болницата Acibadem Sistina, беше успешно одржано првото издание на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K – нов и енергичен тим-билдинг настан во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв“.

dobivaj vesti na viber

Ова претставува најмасовниот корпоративен спортски настан во Македонија, кој собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии: финансии, ИТ, телекомуникации, фармација, логистика, производство, јавни институции, дипломатски мисии и невладини организации. Трката се одвиваше по патека од 5 километри покрај реката Вардар, каде учесниците уживаа во спортска атмосфера исполнета со тимски дух, забава и позитивна енергија.

Настанот е дел од Adria Corporate Run League, регионална иницијатива што ги поврзува корпоративните заедници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Победничкиот тим од Скопје ќе ја претставува Македонија на големото регионално финале.

Во пресрет на стартот, учесниците ги поздрави г-а Катерина Јордановска Манева од Croatia Осигурување, која го истакна значењето на вложувањето во здравјето и добросостојбата на вработените. Загревањето го водеше фитнес инструкторката Ангела Јованоска Конески од Premium Sport Center.

Најбрзите три тима во трката беа:

· Халкбанк со време од 58:40 минути,

· Комерцијална банка со време од 1:00:14,

· Шпаркасе банка со време од 1:06:49.

Во индивидуалната конкуренција, титулата најбрза учесничка ѝ припадна на Снежана Димовска од Комерцијална банка со време од 22:23, додека најбрз учесник беше Мартин Дамески од Халкбанк со 17:22 минути. Целосните резултати од трката се достапни на: www.prvdovrv.mk/business5k.

По трката, сите учесници уживаа во одлична забава на отворено со бендот The Ringtones и DJ Vito, кои приредија енергичен музички настап. Атмосферата беше полна со позитивна енергија, дружење и насмевки, а учесниците се освежија и засладија со вкусен оброк и пијалаци. Вистинска after-run забава која ќе се памети!

Овој настан понуди повеќе од само трка – беше вистинска платформа за вмрежување, тимска мотивација и промоција на здрави животни навики. Со овој настан, компаниите добија уникатна можност да изградат поцврсти тимски релации, надвор од канцеларискиот контекст.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Објавено пред

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.

dobivaj vesti na viber

Кредит од дома – без шалтер и без документација

За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен преку VASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.

Достапност во секое време, од било каде

Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седум дена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.

Фиксна камата, без провизии, јасни услови

Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија. Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.

Фокусот е на клиентот

Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Сетек Денови“ – ДО 70 % ПОПУСТИ

Објавено пред

Oд 9 јуни, понеделник, започнува најголемата акција на Сетек – сè од техника, најпосетуваните Сетек Денови каде попустите стигнуваат и до 70%!

dobivaj vesti na viber

„Сетек Денови“ е акција каде љубителите на најпознатите брендови, на едно место можат да видат и да одберат се што сакаат и се што им е потребно од техника, по најниски цени.

Во сите салони на Сетек низ Македонија, следува огромен избор на производи од бела техника, фрижидери, телевизори, компјутери,лаптопи, се од ИТ, мобилни, смартфони, голема палетана додатоци, мали апарати, гејминг опрема, опрема за фитнес, мали и големи апарати и многу повеќе.

Акцијата, СЕТЕК ДЕНОВИ, дава можност за многу поволности како на цените, така и на изборот на производите. Салоните во овој период стануваат зборно место за техника, а веб страната www.setec.mk најпосетуваното место за online продажба.

Искористете ја можноста, дојдете во Сетек и купете најмногу техника, со најниски цени.

Компанијата Сетек, како лидер на пазарот, повеќе од 30 години, во континуитет ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите.

Со мрежа од 33 различни локации, модерно опремени салони и премиум продавници, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој љубител на современата техника.

Покрај актуелната акција, Компанијата, во континуитет нуди и услуги за полесен пристап и поголема можност за корисност на купувачите, како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и долготрајна употреба.

Сепак, обожавателите на техника најмногу ја чекаат акцијата СЕТЕК ДЕНОВИ, кога буквално СÈ СЕ КУПУВА !

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани, бидејќи немало доволно докази, меѓу...

Македонија2 часа

Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција

Истрагата за пожарот во Кочани вчера беше проширена на уште 13 полицајци од СВР Штип. Според информациите на МВР, тие...

Македонија2 часа

Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Тој извести...

Македонија3 часа

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Владата донесе одлука за блокирање 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во...

Економија4 часа

Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да...

Свет4 часа

Како ќе одговори Иран на Израел: пет можни сценарија

Израел го нападна Иран преку ноќ. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и...

Македонија4 часа

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

На Клиниката за ортопедски болести успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената...

Регион5 часа

ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово,...

Македонија5 часа

Оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера...

Македонија6 часа

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања во Израел и во Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет6 часа

Анализа: Иран ќе го нападне Израел со сè што има

Ова е моментот од кој многумина на Блискиот Исток се плашеа со години, но исто така и го чекаа. Како...

Свет7 часа

Пристигнуваат реакции од целиот свет по израелскиот напад врз Иран

Израел започна напади врз Иран во петокот, насочени кон нуклеарни постројки, фабрики за ракети и воени команданти, а иранските медиуми...

Свет8 часа

(Видео) Израел нападна воени згради во Техеран, објавени снимки

Израел изврши воздушни напади врз Иран во текот на ноќта, насочени кон неговата нуклеарна програма и капацитетите за балистички ракети...

Свет8 часа

Кого убија Израелците во нападот врз Иран? Воени шефови, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници беа убиени во израелската операција „Rising Lion“, чија...

Свет8 часа

Трамп: Однапред знаевме за израелскиот напад, но не учествувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но...

Свет9 часа

Убиен висок ирански воен функционер

Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер...

Свет9 часа

Иранскиот ајатолах: Ционистичкиот режим ќе се соочи со болна судбина

Полуофицијалната новинска агенција Тасним на Иран објави соопштение кое му се припишува на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи....

Свет9 часа

(Видео/фото) Техеран по израелскиот напад

Фотографии од запалена зграда во Техеран беа објавени на Телеграм каналот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Ирански медиуми:...

Свет9 часа

Иранската војска им порача на Америка и на Израел: „Ќе платите“

Портпаролот на иранските вооружени сили изјави дека САД и Израел ќе платат „висока цена“ за нападите, објави Ројтерс. „Вооружените сили...

Свет9 часа

Убиен шефот на Иранската револуционерна гарда

Генералот Хусеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, е убиен во израелски воздушен напад,...