Регион
Тачи: Нема договор без реципрочно признавање на Србија и Косово
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека нема да потпише договор со Србија доколку тоа не подразбира реципрочно признавање, но додаде дека е скептичен кога станува збор за можностите да дојде до таков договор.
На прес-конференција Тачи рече дека земјите од регионот ги поддржуваат преговорите помеѓу Косово и Србија и дека ќе го поддржат нивниот мировен договор.
Истакнувајќи дека постигнувањето на договорот нема да биде лесно, Тачи уште еднаш повтори дека е можна корекција на границите со Србија, која би овозможила директно признавање на независноста и обединување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со Косово.
Според зборовите на Тачи, кога Србија ќе го признае Косово, тоа ќе го направат и петте членки на ЕУ, а Русија ќе го тргне ветото во Советот за безбедност на Обединетите нации.
Колку порано биде постигнат договор, толку ќе биде подобро за двете земји и народи, рече Тачи и напомена дека не постојат преговори помеѓу Србите и Албанците, туку помеѓу Србија и Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.
Регион
Авион се урна во близина на Загреб
Авион со четворица членови на екипажот се урна попладнево во близина на Загреб, пренесуваат дел од регионалните медиуми. Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во Јеждовац.
Лансирани се дронови кои се обидуваат да го лоцираат авионот и да стигнат до местото на несреќата.
Таму се упатени возила на брзата помош, како и екипи на противпожарната единица.