Свет
Нашите муслимани не се како европските и одат на обуки против екстремизам, велат кинеските власти

Кина не ги третира на лош начин муслиманите во провинцијата Синџијанг, туку некои луѓе се упатуваат на курсеви за обука со цел да се спречи ширењето на екстремизмот.
Оваа информација била објавена од страна на кинеските власти, пренесе „Ројтерс“.
Се соопштува дека станува збор за изјава на Ли Сијаоџун, директор за односи со јавност на Бирото за прашања поврзани со човековите права при Информативниот центар на Државниот совет на Кина.
„Тоа не е лош третман. Ова што го прави Кина е воспоставување професионални центри за обука, образовни центри. Ако тоа не е најдобар начин, тогаш веројатно е неопходен начин за справување со исламскиот и верскиот екстремизам бидејќи Западот не успеа да се справи со тоа. Видете ја ситуацијата во Белгија, во Париз и во некои други европски земји. Тие не успеаја“, порача Ли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Америка одбележа 24 години од најлошиот терористички напад во историјата

САД им оддадоа почит на жртвите од нападите на 11 септември, со настани во Вашингтон и Њујорк по повод 24-годишнината од терористичките напади, во сенка на убиството на Чарли Кирк еден ден претходно во Јута.
На церемонијата во споменикот на 11 септември во Њујорк, на која присуствуваа градоначалникот Ерик Адамс и директорот на ФБИ, Кеш Пател, беа прочитани имињата на жртвите.
Во четврток вечер, бројни згради во Њујорк ќе светнат во сино, а два сини снопови светлина ќе светнат кон небото над градот, во близина на местото каде што некогаш се наоѓаа кулите на Светскиот трговски центар (WTC).
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и првата дама Меланија Трамп се појавија на комеморативен митинг во Пентагон.
Комеморацијата на 11 септември беше местото каде што му се оддаде почит на Кирк, кој беше убиен, застрелан од неидентификуван напаѓач за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута во среда.
Тој беше „џин од својата генерација“ и „шампион на слободата“, рече Доналд Трамп за време на церемонијата во Пентагон, едно од местата погодени пред 24 години во нападите што го променија лицето на Соединетите Американски Држави и светот.
Претседателот на САД објави дека „наскоро“ посмртно ќе му ја додели на Чарли Кирк највисоката американска цивилна почест, Претседателскиот медал за слобода.
„Животот, примерот, па дури и смртта на Чарли Кирк, верен следбеник на Христос и американски патриот, ми даваат надеж“, рече министерот за одбрана Пит Хегсет за време на церемонијата во Пентагон.
Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој првично се очекуваше во Њујорк, одлучи да го откаже своето патување за да го посети ожалостеното семејство на младиот човек во Јута.
Во терористичките напади од 11 септември 2001 година, кои го шокираа светот, беа убиени околу 3.000 луѓе.
фото: принтскрин
Свет
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека „нема да има палестинска држава“ на церемонијата на потпишување на голем проект за понатамошна изградба на населби на Западниот Брег, објави агенцијата Франс-прес.
„Ќе го одржиме нашето ветување: нема да има палестинска држава, ова место ни припаѓа нам“, рече Нетанјаху за време на посетата на населбата Маале Адумим на Западниот Брег.
„Ќе го зачуваме нашето наследство, нашата земја и нашата безбедност. Ќе го удвоиме населението на градот“, продолжи тој.
Минатиот месец, Израел одобри клучен проект за изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег, кој ОН и неколку странски лидери го осудија како преполовување на територијата на можна идна палестинска држава и поткопување на можноста за решение со две држави. Проектот, е познат како Е1.
Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрих, повика на забрзување на проектот и на анексијата на Западниот Брег, како одговор на најавите од неколку земји за нивната намера да ја признаат Државата Палестина.
фото: принтскрин
Свет
Заменик-шефот на Стејт департментот: Ќе им ги одбиеме визите на луѓето што се потсмеваат на смртта на Кирк

Американскиот Стејт департмент ќе „преземе соодветни мерки“ против странците во САД кои „ја слават, одобруваат или се потсмеваат“ на смртта на Чарли Кирк, изјави денес заменик-државниот секретар Крис Ландау.
Ландау посочи дека тие мерки би можеле да вклучуваат укинување на визите. Администрацијата беше агресивна во одземањето на визите, особено на студентите поврзани со протестите против војната во Газа.
In light of yesterday’s horrific assassination of a leading political figure, I want to underscore that foreigners who glorify violence and hatred are not welcome visitors to our country. I have been disgusted to see some on social media praising, rationalizing, or making light…
— Christopher Landau (@DeputySecState) September 11, 2025
„Со оглед на вчерашното ужасно убиство на истакнат политички лидер, сакам да нагласам дека странците кои го величаат насилството и омразата не се добредојдени посетители во нашата земја“, напиша Ландау во објава на својот официјален Икс профил.
„Згрозен сум кога гледам како некои на социјалните мрежи го слават, оправдуваат или се потсмеваат на овој настан и им наложив на нашите конзуларни службеници да преземат соодветни мерки“, рече тој. „Слободно известете ми за ваквите коментари од странци за да може Стејт департментот да го заштити американскиот народ.“
Si alguien conoce el nombre de la bruja, le quitamos la visa. De inmediato. Aunque dudo que tenga visa. pic.twitter.com/8KRf2AQQES
— Christopher Landau (@DeputySecState) September 11, 2025
Ландау рече дека ќе им наложи на конзуларните службеници, кои донесуваат одлуки за визи, да ги следат коментарите на неговата објава.
Како одговор на друга објава во која беше истакнат уште еден пост за пукањето, Ландау рече дека доколку некој го знае името на авторката, „веднаш ќе ѝ ја поништиме визата. Иако се сомневам дека воопшто има виза.“
фото: принтскрин