Свет
Шест нуклеарки на патот на ураганот Флоренс
Американските власти смируваат дека шесте нуклеарни електрани што се наоѓаат на патот на ураганот Флоренс се безбедни. Но, некои експерти предупредуваат дека поплави и обилни врнежи би можеле да ги загрозат нивните заштитни системи.
Овие шест нуклеарки во Северна и Јужна Каролина се наоѓаат директно на проектираното движење на ураганот, вели Мери Кетрин Грин, портпаролка на компанијата „Џук енерџи“. Таа рекла дека нуклеарните електрани „Брансвик“ и „Шерон Харис“ во Северна Каролина се најблиску до местото каде што се предвидува дека ќе удри ураганот.
Од друга страна, пак, помошник-директорот на агенцијата ФЕМА за реакција и помош, Џеф Бјард, вели дека тие не се загрижени за овие електрани во овој момент и дека внимателно ја следат ситуацијата, пренесе Си-ен-ен.
Здружението на загрижени научници изразува сомневање во можноста дека нуклеарката „Брансвик“ би можела да го издржи ураганот поради тоа што нема доволно достапни информации за нејзината подготвеност.
Портпаролот на Комисијата за нуклеарна енергија, Скот Барнел, изјави дека, сепак, нуклеарката „Брансвик“ е доволно оспособена да издржи урагани силни како Флоренс и дека постојат планови за нејзино гасење ако биде потребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот
Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот во регионот Суми.
Според извештаите, операторите во украинската единица забележале руски противвоздушен ракетен систем Бук-М1 додека изведувале борбени операции на фронтот.
Операторите потоа користеле нападни беспилотни летала за да ја нападнат целта. Русите неуспешно се обиделе да го изгаснат пожарот и да ја спасат својата опрема, тврдат Украинците. Тие споделија и видео на кое се гледа експлозијата и последователниот пожар.
Украинците наведуваат дека лансерот со шест проектили бил уништен со прецизен удар. Инаку, Украинците во вторникот пријавија и уништување на два Бука на истиот дел од бојното поле.
Свет
Турција ја прекина целата трговија со Израел
Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина „влошената хуманитарна трагедија“ на палестинските територии.
„Суспендирани се извозни и увозни трансакции поврзани со Израел и тоа се однесува на сите видови производи“, соопшти турското Министерство за трговија.
„Турција строго и решително ќе ги спроведе овие нови мерки додека израелската влада не дозволи непречен и доволен проток на хуманитарна помош во Газа“, се додава во соопштението.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави претходно вчера дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „ги прекршил договорите (меѓу Израел и Турција) блокирајќи го израелскиот увоз и извоз на пристаништата.
Uncategorized
Иран воведе санкции кон САД и Велика Британија поради поддршката кон Израел
Иранските власти денеска објавија дека воведуваат санкции против неколку американски и британски поединци и субјекти поради нивната поддршка на Израел во војната против палестинското движење Хамас во Појасот Газа.
Иранската дипломатија соопшти дека санкциите се однесуваат на седум Американци, меѓу кои и генералот Брајан Фентон, шеф на командата за специјални операции и вицеадмиралот Бред Купер, поранешен шеф на американските поморски сили на Блискиот Исток.
Од британските функционери и субјекти цел на санкциите се министерот за одбрана Грант Шапс и британската кралска морнарица во Црвеното Море.
Санкции беа најавени и против американските компании „Локид Мартин“ и „Шеврон“ и британските компании „Елбит системс“, „Паркер Мегит“ и „Рафаел УК“.
Иранското Министерство за надворешни работи додаде дека санкциите вклучуваат „блокирање на сметки и трансакции во иранскиот финансиски и банкарски систем, блокирање на средства под јурисдикција на Иран, како и забрана за издавање визи и влез на иранска територија“.
Влијанието на овие мерки врз поединци или субјекти, како и врз можните средства или трансакции со Иран, сепак, останува неизвесно.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, предизвикана на 7 октомври со нападот на палестинското исламистичко движење Хамас на израелска територија, нагло се зголемија тензиите меѓу Израел од една страна и Иран и неговите сојузници, особено либанскиот Хезболах, од друга.
Ситуацијата се вжешти на 13 април, кога Иран изврши напад врз Израел, со 350 беспилотни летала и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и други земји.
Иранските власти тогаш објавија дека дејствувале во „самоодбрана“ по смртоносниот напад што му се припишува на Израел врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.