Соопштенија
(Видео) Димовски: ВМРО-ДПМНЕ поднесува Кривични пријави за Заев за поткуп на гласачи

Правото на глас е најсвето демократско право. Секој граѓанин мора да биде слободен да ја изрази сопствената волја на избори или референдум. Дали ќе гласа или не, и доколку гласа е само негово лично право. Секоја уцена, закана или ветен поткуп односно награда во замена за глас е тежок криминал со кој што се манипулира волјата на гласачите, порача Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поминаа неколку дена откако Премиерот Зоран Заев, отворено на митинг повика бизнисмените со пари да ги мотивирале вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа.
Во правна држава, за да се тргнат сите сомнежи околу регуларноста на гласањето, премиерот Зоран Заев досега ќе беше повикан на разговор и против него ќе имаше истрага. Досега ќе беше повикан и сопственикот на компанијата, а ќе се собираа искази и од вработените за кои постојат искази, изјави дека се соочуваат со невидени притисоци.
За жал, Јавното обвинителство на Република Македонија – не реагира по допрен глас!“ нагласи Арсовски.
Референдумот за промена на Уставното име на Република Македонија, во Република Северна Македонија, како што вели Арсовски, треба да се одржи на 30-ти септември, односно за нецели 15 дена.
„Поради тоа, брзата и навремената реакција на обвинителството е круцијална, за да се спречи да се случува продолжено кривично дело од страна на Зоран Заев, односно да се спречи истиот во намерата да нуди и поттикнува поткуп на граѓаните, за излегување на гласање на референдумот. Толкувањата на кривичниот закон се јасни. Дури и самото нудење, ветување, или барање поткуп преставува довршено кривично дело, иако не дошло до примање на подарокот или остварувањето на друга лична корист.
Бидејќи Републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески, до вчера не најде за потребно да постапи по допрен глас и да отвори соодветна постапка, ВМРО-ДПМНЕ поднесува Кривична пријава против Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија.
Бараме Републичкиот Јавен обвинител, да излезе од сенката на пупката која Зоран Заев ја „расцвета“ во правосудниот систем, и да постапи согласно член 39 од Законот за кривична постапка при што ќе отвори истрага за наводите во кривичната пријава која ја поднесуваме.
Во кривичната пријава, го известуваме Јовески дека на ден на 13-ти септември, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, јавно, на трибина во Крива Паланка, им ветувал поткуп за гласање на граѓаните во општина Крива Паланка, за да излезат да гласаат на референдумот, кој ќе се одржи на 30-ти септември оваа година.
ВМРО-ДПМНЕ го известува Јавниот обвинител дека преку допрен глас од јавно објавена видео снимка, Премиерот Зоран Заев јавно кажува дека сопственикот на странската компанија „Минстрој“, побарал од работниците да гласаат на референдумот и затоа им ветил дека ќе им даде парична награда доколку го сторат истото.
Таквото незаконско постапување и дејствија на претседателот на Владата Зоран Заев, за што постои и видеозапис, содржат низа елементи на повеќе кривични дела и тоа: Повреда на слободата на определување на гласачите (чл.160 од КЗ) и поткуп при избори и гласање (чл.162 од КЗ).
ВМРО-ДПМНЕ очекува Јавниот обвинител Љубомир Јовески, согласно правата и обврските, ВЕДНАШ, да поведе постапка за проверка на наводите и да ги преземе сите понатамошни мерки за спречување на ова кривично дело од страна на Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ во Кривичната пријава бара од Јавниот обвинител во рок од осум дена, како подносители на пријавата да бидеме известени за превземените постапувања и исходот од нив.
Само со соодветна реакција од институциите, криминалците може да бидат спречени во беззаконието. Само со соодветна реакција и може да се докаже дека премиерот Зоран Заев не е над законот.
Законите кои ја третираат овие материја, криминал, корупција, референдум и избори, се јасни и прецизни. Овие закони, велат дека се работи за тежок изборен криминал, кој се санкционира со предвидена долгогодишна затворска казна. Јавното обвинителство за ова не смее да молчи и да биде соучесник, а Зоран Заев мора да одговара за овој криминал.
Тоа го бараат и европските вредности и стандарди во кои СДСМ и Заев лажно се колнат. Никој! Ама никој не смее и не може да ве натера против своја волја, со поткуп, со измама или принуда, да излезете да гласате за капитулантската спогодба која Зоран Заев ја потпиша со Република Грција, а со која се менува името на нашата држава во Република Северна Македонија. Вашата одлука дали ќе излезете на гласање на референдумот и ако излезете на гласање, како ќе гласате, е Ваше неприкосновено, лично и свето право и само Вие можете да донесете лична одлука, слушајќи ги Вашето срце и разум.
Уште еднаш ќе потсетам и ќе предупредам, дека секој кој се огрешува кон законите во Република Македонија, за секој криминал или велепредавство, брзо ќе дојде моментот кога ќе седне на обвинителна клупа и ќе одговара за тоа!“ додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје – Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

На 12 јуни, со почеток во 18:00 часот, на кејот пред болницата Acibadem Sistina, беше успешно одржано првото издание на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K – нов и енергичен тим-билдинг настан во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв“.
Ова претставува најмасовниот корпоративен спортски настан во Македонија, кој собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии: финансии, ИТ, телекомуникации, фармација, логистика, производство, јавни институции, дипломатски мисии и невладини организации. Трката се одвиваше по патека од 5 километри покрај реката Вардар, каде учесниците уживаа во спортска атмосфера исполнета со тимски дух, забава и позитивна енергија.
Настанот е дел од Adria Corporate Run League, регионална иницијатива што ги поврзува корпоративните заедници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Победничкиот тим од Скопје ќе ја претставува Македонија на големото регионално финале.
Во пресрет на стартот, учесниците ги поздрави г-а Катерина Јордановска Манева од Croatia Осигурување, која го истакна значењето на вложувањето во здравјето и добросостојбата на вработените. Загревањето го водеше фитнес инструкторката Ангела Јованоска Конески од Premium Sport Center.
Најбрзите три тима во трката беа:
· Халкбанк со време од 58:40 минути,
· Комерцијална банка со време од 1:00:14,
· Шпаркасе банка со време од 1:06:49.
Во индивидуалната конкуренција, титулата најбрза учесничка ѝ припадна на Снежана Димовска од Комерцијална банка со време од 22:23, додека најбрз учесник беше Мартин Дамески од Халкбанк со 17:22 минути. Целосните резултати од трката се достапни на: www.prvdovrv.mk/business5k.
По трката, сите учесници уживаа во одлична забава на отворено со бендот The Ringtones и DJ Vito, кои приредија енергичен музички настап. Атмосферата беше полна со позитивна енергија, дружење и насмевки, а учесниците се освежија и засладија со вкусен оброк и пијалаци. Вистинска after-run забава која ќе се памети!
Овој настан понуди повеќе од само трка – беше вистинска платформа за вмрежување, тимска мотивација и промоција на здрави животни навики. Со овој настан, компаниите добија уникатна можност да изградат поцврсти тимски релации, надвор од канцеларискиот контекст.
(ПР)
Соопштенија
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.
Кредит од дома – без шалтер и без документација
За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен преку VASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.
Достапност во секое време, од било каде
Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седум дена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.
Фиксна камата, без провизии, јасни услови
Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија. Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.
Фокусот е на клиентот
Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.
(ПР)
Соопштенија
„Сетек Денови“ – ДО 70 % ПОПУСТИ

Oд 9 јуни, понеделник, започнува најголемата акција на Сетек – сè од техника, најпосетуваните Сетек Денови каде попустите стигнуваат и до 70%!
„Сетек Денови“ е акција каде љубителите на најпознатите брендови, на едно место можат да видат и да одберат се што сакаат и се што им е потребно од техника, по најниски цени.
Во сите салони на Сетек низ Македонија, следува огромен избор на производи од бела техника, фрижидери, телевизори, компјутери,лаптопи, се од ИТ, мобилни, смартфони, голема палетана додатоци, мали апарати, гејминг опрема, опрема за фитнес, мали и големи апарати и многу повеќе.
Акцијата, СЕТЕК ДЕНОВИ, дава можност за многу поволности како на цените, така и на изборот на производите. Салоните во овој период стануваат зборно место за техника, а веб страната www.setec.mk најпосетуваното место за online продажба.
Искористете ја можноста, дојдете во Сетек и купете најмногу техника, со најниски цени.
Компанијата Сетек, како лидер на пазарот, повеќе од 30 години, во континуитет ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите.
Со мрежа од 33 различни локации, модерно опремени салони и премиум продавници, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој љубител на современата техника.
Покрај актуелната акција, Компанијата, во континуитет нуди и услуги за полесен пристап и поголема можност за корисност на купувачите, како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и долготрајна употреба.
Сепак, обожавателите на техника најмногу ја чекаат акцијата СЕТЕК ДЕНОВИ, кога буквално СÈ СЕ КУПУВА !
(ПР)