Македонија
Мицкоски од Пехчево: Во ЕУ се влегува со работи, а не со криминални тендери и со багерите и камионите на бате
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани во Пехчево каде говореше за актуелната политичка и економска состојба како и за штетноста на договорот со Грција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски на граѓаните на Пехчево им ги посочи последиците од капитулантскиот и штетен договор кој владата на СДСМ го потпиша со соседна Грција. Мицкоски пред граѓаните на Пехчево потенцираше дека со договорот се губат три крупни работи што значат укинување на македонската нација, на македонската држава под името која сега ја знаеме и создавање на некој нов хибрид.
Мицкоски истакна дека договорот значи загуба на институционалниот идентитет што впрочем претставува дел од националниот идентитет на Македонците.
„Најпрвин го губиме институционалниот идентитет, тоа значи дека нашата Академија на Науките и Уметностите повеќе нема да биде Македонска, потоа нема да имаме Македонска Армија, а нема да имаме ни Македонска Полиција., ниту Македонска Опера и балет и сето тоа ќе биде поврзано со новата државата а тоа ќе биде Северна Македонија. Го губиме институционалниот идентитет кој што всушност претставува дел од нашиот национален идентитет“, вели Мицкоски
Членот 8 пак, вели тој, ќе биде погубен за интеграцијата на Македонија во ЕУ, а Македонија ќе ја снајде судбината на интеграцијата во ЕУ на Турција, односно приказна која никогаш нема да заврши.
„Во Членот 8 од договорот стои дека Македонија и Грција ќе формираат мешовита комисија и замислете таа комисија ќе преговара за нашата историја, археологија и образование. Секогаш кога ние во рамките на таа комисија ќе одлучиме да ги браниме националните интереси и достоинството тогаш тие од грчката страна ќе речат НЕ во рамки на ЕУ така што ќе застана преговорите и ние ќе бидеме блокирани тоа значи дека никој не ни ја гранатира иднината која што ни ја прикажуваат преку овие скапо платени реклами во медиумите. Немаме гаранција и покрај тоа што ќе дозволиме национално и државно понижување“ истакна Мицкоски.
Тој забележа дека со капитулантскиот договор не се отвораат магично вратите за влез на Македонија во ЕУ, тоа според него се само шарени лаги со кои се манипулираат граѓаните со цел да се избегне дебатата за капитулантскиот договор. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека за влез на Македонија во ЕУ треба да се работи и не може да се влезе преку капитулација, односно на начинот на кој што Заев сака тоа да го направи.
„Сите овие шарени лаги кои што ни ги прикажуваат по медиумите дека со овој договор малтене влегуваме во Европа не е точно, за да влеземе во Европа треба да имаме знаење, за да влеземе во Европа треба да имаме проекти и многу работа. Во ЕУ не се влегува со криминални тендери, во ЕУ не се влегува со багерите и камионите на бате. Во ЕУ не се влага со криминални иновации, во ЕУ не се влегува со расипано здравство. Во Европа треба да знаете како да влезете, односно во Европа треба да работите за да влезете, а не на начинот на кој што Зоран Заев тоа сака да го направи“ додаде Мицкоски.
За крај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика симпатизерите и членовите на партијата да бидат подготвени за исклучително жестоки притисоци, уцени и закани, бидејќи ова е битка за Македонија.
„Секој кога се мотивирал да придружи на ВМРО-ДПМНЕ, секој бил подготвен да кога ќе дојде денот да се бранат националните интереси да застане на патот на одбраната на тие национални интереси, да даде се од себе колку е во негова моќ да ги одбрани за да можеме да си го задржиме ова парче земја која што некој ни ја оставил, за која што предците наши ги положиле своите животи во минатото. Затоа треба секој од нас да биде подготвен дека периодот кој што следува за ВМРО-ДПМНЕ и секој оној кој што себе си се идентификува како дел од ВМРО-ДПМНЕ, да биде подготвен на исклучително жесток притисок, уцени закани кои што претстојат, затоа што ова е битката за Македонија, ние сме на вистинската страна“ порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

