Забава
Една од најплатените актерки во светот исчезна без трага
Фан Бингбинг, најпознатата кинеска актерка и една од најплатените актерки во светот, исчезна без трага. Актерката, која ја стекна славата во филмовите „Ајронмен“ и „Иксмен“, ја нема веќе три месеца.
Американските медиуми пишуваат дека Бингбинг веројатно е уапсена во тајност поради наводно даночно затајување со кое ги налутила кинеските власти. Текстот кој на 6 септември го објави државниот медиум „Секјуритис дејли“, а во кое е наведено дека Бингбинг е под надзор и дека се очекува законска пресуда, набргу бил избришан. Во исто време нема никакви официјални информации за обвиненијата, како ни официјални информации за наводната истрага против Фан.
Си-ен-ен објави дека нејзините проблеми почнале во мај годинава која во јавност излезе нејзин филмски договор. Според пишувањето на државниот таблоид „Глобал тајмс“, Фан имала два различни договори – еден службен во кој пишувало дека е платена околу 1,5 милиони долари и друг приватен со кој добила 7,5 милиони долари. Оваа пракса во Кина е позната како „јин-јанг договори“.
Нејзините договори во јавност ги објави водителот Цуи Јонгјан кој во јуни ѝ се извини на актерката.
Кинеските власти годинава почнале истрага за „јин-јанг договорите“ во филмската индустрија во Кина. Потоа без причина биле повлечени сите реклами во кои се појавува Фан, а актерката не е активна на социјалните мрежи три месеца.
Пиар тимот на актерката ги отфрли сите обвиненија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Храната што го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција
Научниците истакнуваат дека исхраната силно влијае на здравјето на мозокот. Лошата храна може да ја зголеми воспаленоста и да го забрза когнитивното опаѓање, додека правилната исхрана го намалува ризикот од деменција и Алцхајмерова болест.
Според експертите, најкорисни намирници за мозокот се:
Авокадо – богато со здрави масти кои ја подобруваат енергијата на мозокот и ги намалуваат васкуларните ризици.
Брокула – содржи сулфорафан, силен антиоксиданс со противвоспалително дејство.
Боровинки – богати со флавоноиди кои ја подобруваат неуропластичноста и протокот на крв во мозокот.
Јајца – жолчката е богат извор на холин, важен за памтењето и функцијата на нервниот систем.
Масна риба (лосос, сардини, скуша) – богата со омега-3 масни киселини што го намалуваат штетниот бета-амилоид.
Лиснато зеленчук (спанаќ, кељ) – полн со витамини, минерали и антиоксиданси; го подобрува когнитивното функционирање.
Туна – содржи тирозин за создавање допамин и норепинефрин и креатин за подобра хидратација на клетките.
Куркума – има силно противвоспалително и неурозаштитно дејство.
Ѓумбир – антиоксидативен и противвоспалителен, корисен за когнитивни функции.
Ферментирана храна – кефир, јогурт, кисела зелка; ја поддржува „оската црева-мозок“ и здравиот микробиом.
Забава
Скандал во Италија: Статуата на Павароти „заробена“ во мраз, вдовицата огорчена
Во италијанскиот град Пезаро избувна скандал откако бронзената статуа на Лучијано Павароти заврши заробена во мразот на новогодишното лизгалиште. Ситуацијата дополнително се влошила кога градоначалникот ги повикал лизгачите да му „дадат петка“ на тенорот додека минуваат покрај него, што ја разгневило неговата вдовица, Николета Мантовани.
Таа изјавила дека поставувањето на многу грдото лизгалиште околу споменикот е навреда и непочитување кон сеќавањето на Павароти. Фотографиите од статуата до колена заглавена во мраз предизвикаа бурни реакции на интернет.
Questa è la grandissima idea della Giunta comunale di #Pesaro che ha deciso di ridicolizzare la figura di #Pavarotti davanti al Teatro Rossini inserendo la sua statua in una pista di pattinaggio.
Maestro Pavarotti abbia pazienza: in Comune non sanno quello che fanno. pic.twitter.com/2Fn94WCqUZ
— Nardelli (@Massi_Nardelli) November 29, 2025
Мантовани изјавила дека е разочарана, лута и вознемиренам нагласувајќи дека ваквата поставеност го нарушува имиџот и почитта што тенорот ја заслужува.
Градоначалникот Андреа Бианкини подоцна се извинил, признавајќи дека градската управа направила грешка и дека не постоела намера за навреда. Сепак, преместувањето на статуата не е возможно пред отворањето на празничната атракција, бидејќи би било скапо и ризично за споменикот.
Статуата во природна големина, откриена минатата година како трајна почест на Павароти, сега е „заглавена меѓу огради и празнични светилки“, пишува Il Resto del Carlino.
Забава
Безос и Санчез донираат 102 милиони долари за помош на бездомниците
Џеф Безос и Лорен Санчез ќе донираат 102,5 милиони долари за организациите што им помагаат на бездомните семејства во САД. Санчез во емисијата Good Morning America соопшти дека парите ќе бидат распределени преку фондацијата „Day One Families Fund“ и ќе одат кај 32 непрофитни организации низ целата земја.
Таа изјави дека целта е да им се помогне на семејствата да се стабилизираат и повторно да го изградат својот живот.
„Во можност сме да донираме повеќе од 100 милиони долари и тоа за многумина претставува огромен чекор напред“, рече Санчез, додавајќи дека ова е само почеток на долгорочната иницијатива.
Донациите годинава стигнале во сите сојузни држави, со поддршка од тим локални советници кои ги препознаваат потребите на заедниците.
Безос и Санчез се венчаа во јуни во Венеција, на церемонија со многу познати личности. Тие се во врска од 2019 година, а Безос ја запроси во 2023 година.

