Црна хроника
Двајца повредени на патот Скопје – Велес

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 11:30 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје-Велес и локален пат за село Кадино. Според полицијата, се судриле мотоцикл „лифан“ управуван од С.Г.(27) од Скопје и „мерцедес“ управуван од И.Б.(32) од Куманово.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека неговата сопатничка К.Ј.(28) од Скопје се здобила со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Му се заканувале по неговиот и животот на фамилијата: двајца скопјани изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик.
Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.
Во наведениот временски период оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра.
На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите.
Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.
Црна хроника
Внук ја натепал својата баба: семејно насилство во Скопје

Внук ја натепал својата баба во скопска Кисела Вода, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 20:19 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека во 18:30 часот во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот внук Е.Д..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во друго скопско село, тој извршил обљуба врз деветгодишно девојче од селото.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.