Македонија
Ова е најдобрата година што можеше да ѝ се случи на Македонија, смета германскиот пратеник Сарацин
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Мануел Сарацин, пратеник во германскиот Бундестаг. Како што информираат од владината прес-служба, на средбата била изразена поддршка за успешен референдум.
Германскиот пратеник Сарацин оценил дека ова е најдобрата година што можеше да се случи на Македонија, кога се отворени шансите за членство во Европската Унија и во НАТО.
На состанокот заеднички било констатирано дека сите политички субјекти и граѓани во државата треба да покажат одговорност, за остварување на овие стратешки државни цели, при што Заев изразил очекување дека референдумот ќе биде успешен.
„ЕУ и НАТО се мнозинска волја на граѓаните на Република Македонија, кои очекуваат европски живот и интеграција во најголемите сојузи во светот. Очекувам таа мнозинска волја да се одрази и на референдумското гласање. Македонија нема друга алтернатива освен интеграциите во НАТО и ЕУ. Повикуваме и ќе повикуваме сите да покажат одговорност и да се изјаснат на референдумот, затоа што во прашање е иднината на државата“, рекол премиерот.
Заев и германскиот пратеник Сарацин, кој доаѓа од партијата на Зелените, зборувале и за отворените можности за интензивна економска соработка со Германија, како и за развојот на „зелената агенда“, во полза на здрава и чиста животна средина во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

