Македонија
Македонија домаќин на тридневен форум на либерални партии во регионот

Од денеска до четврток Македонија ќе биде домаќин на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) по повод 10-годишнината од нејзиното формирање. ЛИБСЕЕН е основана во 2008 година во Скопје како иницијатива за собирање либерални политички партии во регионот и придонесува кон развојот на регионот преку спроведување либерални политики во политичките системи на овие земји.
На овој форум, на кој домаќин е Либерално-демократската партија, ќе присуствуваат голем број лидери и претставници, како претседателот на Алијансата на либералите и демократите во Европа (АЛДЕ), Ханс ван Баален, претседателот на ЛИБСЕЕН, Роман Јаќич, претседателот на Либерално-демократската партија на Србиј,а Чедомир Јовановиќ, поранешната претседателка на владата на Словенија, Аленка Братушек, како и други претставници од Европа. Исто така, на форумот свое присуство ќе имаат и министерот за надворешни работи на Македнија, Никола Димитров, заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, како и претседателот на ЛДП и пратеник, Горан Милевски, кој е и домаќин на настанот.
На тридневниот форум ќе се дискутира за 10-годишната соработка на земјите од регионот и перспективите на либерализмот, како и забрзувањето на интегративните процеси на земјите од ЈИЕ во НАТО и ЕУ: приоритет, политика, имплементација, интеграција. Учесниците на форумот ќе се сретнат со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, како и со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Форумот ќе се одржи до хотелот „Александар Палас“.
За прв претседател на ЛИСБЕЕН беше избрана Весна Пусиќ во Скопје во 2008 година. Мрежата има за цел да работи на решавање на социјалните, политичките и еколошките проблеми на регионот. Важна цел е да се развие мултинационален дијалог, меѓурелигиски дијалог и почитување на човековите права. Сето ова е голем товар за регионот со векови и причина за многу конфликти. Една од главните цели на мрежата е членството во ЕУ во сите земји во овој регион, што би значело конечна интеграција на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.
„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.
Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.
Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.
Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки“, се додава во соопштението на СДСМ.