Македонија
Османи се сретна со делегација од Европскиот совет за надворешни односи

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со делегација од Европскиот совет за надворешни односи предводена од Норберт Ротген, претседател на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот, која е во посета на нашата земја.
Денешната посета на претставниците од Европскиот совет за надворешни односи е со цел поддршка на европската и евро-атланската перспектива на Република Македонија, особено во насока на охрабрување на земјата, во овие одлучувачки моменти, за приклучување кон европскиот моментум во регионот.
„Претставува вистинска чест присуството на нашите меѓународни пријатели и добронамерници, чија поддршка во овој период е недвосмислена и претставува важен поттик и охрабрување за граѓаните во нивната одлука да ја поддржат европската перспектива на земјава“, истакна Османи. Во таа насока Османи информираше за активностите на Владата, но и на политичките партии околу претстојниот референдум, при што, изрази надеж и очекувања за неговата успешност.
„Граѓаните ја сфатија сериозноста на оваа одлука, а со приближување на денот на одлуката, поддршката за евро-атлантската перспектива на земјава расте сѐ повеќе“ – истакна Османи, потенцирајќи дека очекува зрело однесување и од сите релевантни политички претставници во земјата, кои, како што истакна, очекува дека нема да ја пропуштат оваа неповторлива шанса за да ѝ помогнат на сопствената земја и на сопствените граѓани во исполнување на нивната аспирација за членство во ЕУ и НАТО.
Европскиот совет за надворешни работи е еден од највлијателните паневропски „тинк-тенк“ органзации, чија основна мисија претставува заштита и промоција на европските вредности, особено во изградбата на вредностите на пошироката Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )
Македонија
МОН: Платите во училиштата од овој месец се зголемени за седум проценти и ќе продолжат да растат

Платите на наставниците и директорите во основното и средното образование од овој месец се зголемени за 7% и ова е второ зголемување во мандатот на актуелната Влада, откако претходно во октомври 2024 година беа зголемени за 5%. Повеќе никој не зема плата под минималната, како што беше тоа случај во минатото со техничкиот персонал, соопшти Министерството за образование и наука.
Реакција на МОН како што велат е поттикната од лагите кои денеска ги изнесе политичката партија Левица, за наводно енормно зголемување на платите на директорите на основните и средните училишта, споредбено со зголемувањето на платите на наставниот кадар.
„Платите на директорите и наставниците се зголемени во просек од околу 2500 до 3500 денари, во зависност од звањето, стажот и степенот на образование“.
Потсетуваат дека веќе е направен план за долгорочен раст на личните примања кои во период од 4 години ќе пораснат најмалку за 46% а најмногу до 60%, зависно од степенот на инфлација.
„Левица оспорува договор помеѓу социјални партнери, односно институција и синдикат и изразува непочитување кон нив, како и кон целата јавност со обидите за манипулација и собирање политички поени“, истакнуваат од МОН.