Македонија
ОБСЕ секогаш ќе ги помага реформските процеси во Македонија, рече новоименуваниот шеф на Мисијата
Премиерот Зоран Заев денеска го прими новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата Заев се заблагодарил за долгогодишната плодна соработка со ОБСЕ и искажал спремност за продолжување и унапредување на оваа соработка.
Тој исто така го истакнал и придонесот што оваа организација го дала во поддржувањето на напорите на Република Македонија да ги спроведе неопходните реформи и во подобрување на меѓуетничкиот дијалог.
„ОБСЕ и Мисијата во Скопје се важен фактор за македонската влада, посебно во процесот на имплементацијата на почнатата реформска агенда. Во таа насока очекуваме дека истата блиска и конструктивна соработка ќе продолжи врз основа на докажаната спремност на Мисијата да ѝ асистира на македонската Влада во постигнувањето на стратешките цели – членството во ЕУ и НАТО“, рече премиерот Заев на средбата со амбасадорот Која.
Амбасадорот Клеменс Која се заблагодарил за довербата во ОБСЕ, посебно нагласувајќи дека се свесни за процесите што се случуваат во Македонија и дека државата и понатаму ја има поддршката за продолжување на својот реформски пат до исполнување на своите стратешки цели.
Исто така, амбасадорот Која истакнал дека како и во минатото, оваа организација останува пријател на Република Македонија и во иднина, подготвена да помогне онаму каде што може за да се задржи фокусот на почнатите реформи во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

