Македонија
Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки
Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа во психијатриска болница ќе бидат преземени сите правни мерки.
„Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите правни мерки против инволвираните кои си создаваат илегална пракса на носење на наводно алкохолизирани лица во психијатриска болница за ‘стручно лице’ да процени по физиономија дали сте пијан, нешто што не поминува на суд, или не, што нема законски основ прво, а второ е идиотски“, велат тие во заедничка изјава.
Ристиќ и Митровски наведуваат дека немаат намера да прејдат преку, како што велат, незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени лица. „Секој полицаец во моментот кога ве приведува е должен прво да се легитимира, да ве запознае со причините за вашето приведување на јазик што го разбирате, да ви даде поуки дека имате право да молчите, да ви даде поуки дека имате право на бранител и да ви овозможи да повикате бранител веднаш. Време е, ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест, а не за потсмев“, велат тие.
Ристиќ беше приведена во саботата бидејќи, како што вели, чистела догорчиња од цигари пред Влада. Таа рече дека односот на полицајците бил арогантен, а три часа од приведувањето не ѝ дозволиле ниту да повика адвокат. Од полицијата соопштија дека таа била приведена заедно со уште лице едно поради нарушување на јавниот ред и мир. Од МВР соопштија дека Ристиќ била однесена во психијатриска болница затоа што одбила да направи алкотест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски се фотографираше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев
Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на планината Петлец, во близина на Русиново.
Во рамки на настанот, на селските гробишта беше одржана панихида, по што Мицкоски и останатите присутни положија цвеќе пред спомен-обележјето на револуционерот.
Одбележувањето продолжи со традиционален марш кон месноста Петлец, местото каде што Груев го положи својот живот за идејата за слободна и независна Македонија.
Настанот се реализираше во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Берово, со присуство на бројни граѓани, партиски претставници и почитувачи на македонската револуционерна историја.
Македонија
Ја претепал вонбрачната партнерка со трпезариска столица, па ја силувал откако тешко ја повредил
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.
-Ја удирал по телото, лицето и главата, па дури зел трпезариска столица и ја удрил и со неа. Потоа ја тргал и ја носел во правец кон терасата, заканувајќи и се дека ќе ја фрли. Од ударите жената се здобила со телесни повреди. И наредил да се соблече за да имаат сексуални односи, но оштетената не се согласила, па насилно ја соблекол и ја принудил на други полови дејствија, стои во соопштението на ЈОРСМ.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оттаму додаваат дека притоа особено се ценела опасноста од бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши дела на семејно насилство кон жената со која живеат во ист дом.
Македонија
Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас
Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас.
Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, неговиот син Бане Костиќ, откри дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста.
„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.
Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел.
Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста. Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно Диско Селекторе“, напиша тој на Фејсбук.

