Контакт

Забава

Средба Трамп – Путин во Маврово?!

Објавено пред

Можна ли е нова средба помеѓу претседателите на Соединетите Американски Држави и Руската федерација, Доналд Трамп и Владимир Путин, токму кај нас, во Маврово? Доколку ваква средба се оствари, таа ќе биде втора по онаа во Хелсинки каде двајцата лидери дискутираа за светската безбедност, но и за наводното руско мешање во претседателските избори од 2016, настан за кој американскиот специјален обвинител Роберт Мулер води тековна истрага. Наводната блискост помеѓу двајцата лидери и Трамповото оддалечување од американските класични партнери од Европската Унија, според многумина експерти, сигнализира нов светски поредок.

dobivaj vesti na viber

Ваквата можна средба помеѓу Трамп и Путин не е невозможа, но е секако неверојатна да се случи токму во Маврово. Причините за тоа се во огромен број, но сепак енигматичниот наслов проследен со прашалници беше доволно интригантен за да кликнете на оваа лажна вест.

Што ја прави оваа вест лажна? Секако фактот дека никаде во текстот не е потврдено она кое е поставено како прашање во насловот. А за таква средба (било во Маврово или каде и да е) сè уште не станало збор. Веројатноста дека лидерите би се сретнале во некоја локација што ќе е посигурна за обезбедување и подостапна од Маврово е голема. Но тоа не нѐ спречи да ја објавиме оваа вест и да собереме кликови.

Зошто го направивме ова? Секако не за да ви го потрошиме времето залудно туку да ве алармираме и едуцираме како полесно да можете и самите да препознаете лажна т.н. „кликбејт“ вест. Наредните неколку недели на нашата фејсбук-страница, како и на сајтот zdravozagotovo.mk ќе можете да проследите серија од 4 едукативни видеа за тоа како да препознаете и како да се борите против најновиот глобален проблем – лажните вести или популарно наречените „фејк њуз“. Во очекување на првото видео погледнете ја најавата, следете нѐ на социјалните медиуми и не земајте здраво за готово.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Британец се обидел да направи торта за внуката која ја обожува Тејлор Свифт, фотографиите станаа вирални

Објавено пред

На социјалните мрежи кружат вирални фотографии од Британец, кој сакал да ја расположи својата внука, која инаку е голем фан на пејачката Тејлор Свифт.

dobivaj vesti na viber

Кит Сковел се пофали со торта инспирирана од пејачката во група на Фејсбук, а неговото дело набрзо стана вирално.

„Не очекував да бидам толку исплашен денес“, „Дали внука ти можеби имаше кошмари после тоа?“, „По ова ми треба терапија“, „Ова ми требаше денес , фала на смеењето“, „Ја погоди скрос“, се дел од коментарите.

Инаку, Тејлор Свифт официјално стана најбогатата музичарка во светот со проценета нето вредност од 1,6 милијарди долари. Пејачката стана милијардерка по огромниот успех на нејзината турнеја Ерас минатата година, надминувајќи ја Ријана, чие богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Забава

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија – рекордот го држи граѓанин на Скопје, а на листата нема политичари

Објавено пред

Најбогатите луѓе во поранешна Југославија се најдоа на листата на магазинот ТОП од 1988 година. Она што е особено интересно е што на списокот нема политичари.

dobivaj vesti na viber

Во февруари 1989 година, Даночната управа презентираше прелиминарна листа на најбогати граѓани од претходната година, во која беше наведено дека најголеми приходи пријавиле приватни ресторани, пејачи, композитори на народна музика, претставници на странски компании, фудбалери, ликовни уметници, новинари и универзитетски професори.

Интересно е што на оваа листа нема политичари, а вреди да се нагласи и дека даночната основа не беше еднаква за цела Југославија и се пресметуваше според оваа формула: просечен приход помножено со три.

Апсолутен рекордер е приватен угостител од Скопје, кој пријавил дека во 1988 година остварил заработувачка од 171 милион динари.

Во Белград најголема заработка забележал пејач на народна музика (142 милиони динари), во Загреб претставник за продажба (61 милион динари), а во Љубљана академски скулптор (28 милиони динари).

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскоп за милијардери: во кои знаци се раѓаат најбогатите луѓе

Објавено пред

Најбогатите луѓе во светот често припаѓаат на знакот Вага.

dobivaj vesti na viber

Најмалку милијардери, само осум, припаѓаат на знакот Јарец, но меѓу нив е и Џеф Безос.

Астрологијата вели дека распоредот на ѕвездите во моментот на раѓање ја одредува нашата судбина. Некои веруваат дека тоа е вистина, други пак, дека секој е креатор на својата среќа. Меѓутоа, хороскопските експерти утврдиле кои знаци се најбогати, односно во кој период од годината се родени најбогатите луѓе на светот. Тие ја погледнале листата на милијардери на Форбс и дошле до заклучок дека повеќето од нив припаѓаат на знакот – Вага.

Во хороскопот на милијардерите, дури 27 од најбогатите луѓе на денешницата се Ваги. Во таа група е и познатиот американски дизајнер Ралф Лорен.

Второто место им припаѓа на Рибите, а меѓу 22-те супербогати личности се најдоа бизнисмените Руперт Мардок и Бернард Арно, директор на групацијата LVMH.

Третото место го делат Лав, Рак и Бик со многу познати имиња како Илон Маск, Ричард Бренсон, Марк Цукерберг.  Најмалку милијардери, „само“ осум, припаѓаат на знакот Јарец. , но меѓу нив е и Џеф Безос .

Ким Кардашијан, чие богатство се проценува на 1,2 милијарди долари, на 21 октомври слави роденден, што значи дека припаѓа на знакот Вага. Ријана е побогата за двесте илјади долари. Таа е Риба. Музичкиот магнат Џеј Зи, кој има две ипол милијарди на сметката, е роден во знакот на Стрелец.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ52 минути

Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“...

Македонија1 час

СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта (ВИДЕО)

Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта. Од партијата денеска велат дека скандалот...

Македонија2 часа

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв...

Европа3 часа

Русија ја нападна Украина со 68 дронови

Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија. „Две балистички ракети Искандер-М ги погодија...

Регион6 часа

Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во...

Македонија18 часа

В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче

Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во...

Македонија20 часа

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца...

Македонија1 ден

(Видео) Наставниците и професорите ќе добијат покачување на платите за 5 отсто

Наставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување на платите за 5 проценти, почнувајќи од октомвриската плата....

Македонија1 ден

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на...

Македонија1 ден

Aхмети му се пожали на бугарскиот амбасадор: Албанците избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко...

Македонија1 ден

„Вреди“ подготвува нов закон за правична застапеност, но не само за етничките заединици, туку и за маргинализираните групи

Коалицијата „Вреди“ подготвува закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега наместо раст Владата враќа нивни долгови

Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, велат...

Свет1 ден

Американски војник (24) осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држава

Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор поради обид да и помогне на Исламска држава во извршувањето...

Свет1 ден

Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на...

Топ2 дена

Уапсен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево, ги оштетувал иконите кај крстот

Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го...

Македонија2 дена

(Видео) „ВРЕДИ нема знаење и храброст да направат повеќе за учениците и студентите Албанци“, велат од ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција ја презентира „долгата листа на неуспеси на владината коалиција во образовниот сектор“. „Овде...

Топ2 дена

(Фото) Апсење во Скопје: пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Регион2 дена

(Видео) Ураганот Кирк денеска ќе зафати дел од Балканот: направи хаос во Шпанија и Португалија

Дел од Балканот, поточно Бугарија, денеска ќе биде зафатен од ураганот Кирк, кој вчера предизвика хаос во Европа. Ураганот Кирк...

Македонија2 дена

Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје...