Свет
Марокански мигрант во Италија ја претепал ќерка си зашто се однесувала премногу западњачки
Марокански мигрант кој живее во Италија се соочува со обвиненија откако брутално ја претепал својата ќерка бидејќи сметал дека таа се однесува и се облекува премногу запањачки. Мароканецот во повеќе наврати ја претепал својата 16-годишна ќерка во нивниот дом во општината Сорезина во северниот италијански регион Ломбардија, пренесува „Ил Џорнале“.
Според првичната истрага на карабинерите, 58-годишниот мигрант се налутил зашто неговата ќерка сакала да се облекува и да се однесува како италијанските девојки околу неа и се спротивставувала на обидите да се вклопи во нивната локална заедница и да се придржува до исламските традиции. Насилникот во моментот е под истрага.
Случајот е еден од многуте т.н. случаи од „културата на чест” во кои извршителите, често од мигрантски средини, прибегнуваат кон насилство за да ги принудат роднините да дејствуваат на одреден начин. Проблемите со културата на честа стануваат особено чести во Шведска, каде што живеат околу 240 000 млади луѓе со мигрантско потекло.
Во некои случаи, насилството во одбрана на честа може да оди подалеку од тешките тепања и да заврши со убиство, како што беше случај во Виена лани кога 18-годишен авганистански мигрант беше уапсен поради убиство на својата 14-годишна сестра. Претходно годинава, италијански државјанка со пакистанско потекло беше жртва на убиство за одбрана на честа. Сана Чима (25) била убиена од татко ѝ и вујко ѝ додека била во Пакистан откако одбила договорен брак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Харис: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа
Американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа.
„Правдата е задоволена. Синвар е одговорен за убиството на илјадници невини луѓе, вклучувајќи ги и жртвите на 7 октомври и заложниците убиени во Газа“, рече Харис.
Таа изрази надеж дека наскоро ќе започне „ден потоа без Хамас“ на власт во палестинската енклава, пренесува Ројтерс.
Регион
Во Србија пронајдени три деца киднапирани во Романија
Киднапирани деца од Романија, денеска биле пронајдени во српскиот град Ниш. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска за ова ја информирал министерката за внатрешнира работи на Романија.
Случајот во последните денови ја брануваше романската јавност.
Имено, министерот Дачиќ ја информирал својата романска колешка дека припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал и Техничката управа, во соработка со Полициската управа во Ниш, постапувајќи по пријава за кривично дело киднапирање извршено во Романија, уапсен е романски државјанин А.М.(1970) поради сомнение дека ги грабнал неговите три малолетни деца, исто така романски државјани на возраст од 11, 9 и 8 години.
Свет
По Германија и Франција ги враќа граничните контроли
Франција најави воведување привремени гранични контроли со шест земји, од 1 ноември 2024 година до 30 април 2025 година, пишува Луксембург Тајмс.
Како што пишува овој медиум, Франција и најавила на Европската комисија гранични контроли на границите со Луксембург, Белгија, Германија, Шпанија, Италија и Швајцарија.
Минатиот месец, Германија повторно ги воведе граничните контроли со Луксембург, поставувајќи контролни пунктови долж автопатите каде Германија ја дели својата граница со Луксембург. Како и Франција и Германија ги карактеризираше своите активности како неопходен одговор на тековните безбедносни закани.