Македонија
Отворен Дневен центар за церебрална парализа во Прилеп
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и градоначалникот Илија Јовановски го отворија Дневниот центар за церебрална парализа во Прилеп. Центарот е направен и опремен по највисоки стандарди, а дворот и влезот се приспособени за потребите на овие лица.
„Социјалните сервиси, како што е овој дневен центар, треба да ги следат индивидуалните потреби на секое дете и неговото семејство, да бидат мост со другите системи на поддршка. Само така можеме да обезбедиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството и да создадеме едно општество за сите. Овие центри значат многу во локланата заедница затоа што тие помагаат во исполнувањето на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, кои се однесуваат на правото на самостојно живеење, лична мобилност, пристап до образование, здавствена заштита, рехабилитација и вработување“, изјави министерката Царовска во Прилеп.
Дневниот центар за деца со церебрална парализа, кој во смена ќе го посетуваат 25 корисници, беше направен во соработка со Општина Прилеп. Општината го обезбеди објектот, а Министерството за труд и социјална политика од својот буџет за годинава обезбеди 1,8 милион денари за адаптација на просторот и дополнителни 380 илјади денари за набавка на опремата. Исто така, МТСП обезбеди финансиски согласности за вработување на потребниот стручен кадар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

