Македонија
Адеми: Членството во ЕУ обезбедува повеќе европски пари за локален развој на општините
Министерoт задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, заедно со пратеникот во Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн, ги посети општините Арачиново и Шуто Оризари. При посетата Адеми и Флекентшајн се сретнаа со претставници на локалните самоуправи, разговараа со граѓани и извршија обиколка на објекти што се градат со поддршка од фондовите од ЕУ.
Министерот Адеми посочи дека поддршката од ЕУ е особено значајна за руралните и мали општини, но и дека средствата што ЕУ ги двои за Македонија, ќе се зголемуваат со нашето приближување до полноправното членство.
„Поддршката од ЕУ за Македонија изнесува 90 милиони евра годишно, односно секој ден се издвојуваат по 260 илјади евра за поддршка во инфраструктурата, образованието и локалната самоуправа. Со почнување на преговорите, а потоа и со влезот во ЕУ, поддршката дополнително ќе се зголемува и тоа ќе значи повеќе пари за инфраструктура, нови патишта, водоводи, канализации, училишта и градинки. Тоа се повеќе европски пари за локален развој на сите општини, а со тоа и подобар и поквалитетен живот на сите граѓани“, порача Адеми.
При посетата на Арачиново и Шуто Оризари, пратеникот во Европскиот парламент, Флекентшајн, порача дека Македонија има силна поддршка за влез во ЕУ и дека граѓаните треба да излезат на референдумот за да ја искористат историската шанса што е пред нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК со први проекции за бројот на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18
Државната изборна комисија ги објави првите проекции за бројот на пратенички мандати – ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, а зад нив е ДУИ до 19.
Трет по бројот на пратеници е СДСМ со 18 мандати.
Коалицијата Вреди има 13 пратенички мандати, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати.
Македонија
Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен
Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен, кажа претседателот на БЕСА, дел од коалицијата Влен, Билал Касами.
Касами рече дека ВЛЕН е победник во сите општини со мнозинско албанско население, а резултатот го препиша и на доаѓањето на иселениците.
„Коалицијата Влен е апсолутен победник кај Албанците“, изјави Касами.
Тој очекува да имаат број на пратеници колку и ДУИ.
Според досега пребројаните гласови, коалицијата Влен има 92.091 гласа, односно 11,21 отсто, а Европскиот фронт на ДУИ, 117.503 гласа, или 14,30 отсто.
Македонија
Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова.
„Да ја води Македонија во правилна насока, да биде тука за граѓаните, бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Воедно да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираа досега на политичката сцена. За нас од ЗНАМ гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија. ЗНАМ вечерва испиша историја. Ние потвдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови“, кажа Димитриевски и се заблагодари на граѓаните кои што излегоа на изборите.
„Од денеска продолжуваме како што ветувавме во предизборната кампања, согласно нашите определби, програмски и сето што беше ветено пред граѓаните. Ние сме партија формирана од граѓаните, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните“, додаде Димитриевски.
Прашан дали ќе остане градоначалник или размислува за Владата, тој кажа дека нема никакви размислувања, ќе остане доследен на неговите ветувања и секогаш со кумановчани.