Свет
Американски бискупи со иницијатива за телефонска линија за жртви на силување од свештеници

Католичките бискупи во САД планираат да се воспостави телефонска линија за поплаки поради постапки на бискупи и свештеници кои сексуално малтретирале или злоупотребувале деца и возрасни, како мерка што треба да биде одговор на недоличното однесување забележано во високите редови на Црквата.
Телефонската линија е една од мерките најавени од страна на бискупите во обид да се врати довербата во црковната хиерархија, која е нарушена со објавувањето тврдења дека бискупи злоупотребувале деца и со децении ги прикривале сексуалните деликти.
„Некои бискупи со своето девијантно однесување предизвикаа огромна штета на поединци, но и на Црквата“, соопшти Конференцијата на католичките бискупи во САД.
Телефонската линија треба да им овозможи на луѓето да пријават сексуална злоупотреба од страна на свештеници, на овластени органи и црковни лица.
Конференцијата на бискупи, исто така, има намера да развие кодекс на однесување, особено за бискупите и да воспостави политика на ограничувања за свештените лица кои биле отстранети од должноста или поднеле оставка поради сексуална злоупотреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел му се закани на Хамнеи: Ќе завршиш како Садам Хусеин

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, упати предупредување до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, претходно денеска сугерирајќи дека тој може да доживее судбина слична на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, јавува „Иран интернешнл“.
„Го предупредувам иранскиот диктатор да не продолжува да врши воени злосторства и да лансира ракети врз израелските граѓани. Треба да се сети што се случи со диктаторот во земја сосед на Иран, кој тргна по тој пат против државата Израел“, рече Кац.
Свет
Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало мајка си

На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка од моментот кога двегодишно момче случајно ја застрелало мајка си откога го зело пиштолот на татка си, јавуваат бразилските медиуми.
На снимката од надзорните камери во семејниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул се гледа како момчето зема пиштол од масата и го влече чкрапалото додека мајка му се врти кон него.
Родителите седеле и разговарале и не забележале дека момчето посегнува по оружјето. На видеото се гледа како куршумот ја погодил жената во градите и во раката. Потоа таа станала, но набргу паднала на подот. Момчето истрчало кон мајка си, а таткото го зел оружјето од подот.
Жената беше идентификувана како 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро, а нејзината фотографија беше објавена во бразилските медиуми. Полицијата отвори итна истрага и потврди дека таткото на момчето, инаку земјоделец со дозвола за поседување оружје, ќе одговара за убиство од небрежност.
Според локалните медиуми, детето, најверојатно, ќе биде вклучено во програма за психолошко советување. Засега не се знае дали ќе остане со својот татко или ќе биде предаден на социјалните служби.
Началникот на локалната полиција, Даниеле Фелисмино, потврди дека жената била пренесена во болница, каде што била констатирана смрт. Полицијата ги запленила пиштолот и муницијата, а обдукцијата била извршена во саботата наутро, ден по трагедијата. Резултатите сè уште не се објавени. Згрозените жители на градот и општината Рио Верде де Мато Гросо на социјалните мрежи му изразија сочувство на семејството.
Свет
Зеленски: Нападот врз Киев е најтешкиот од почетокот на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во текот на ноќта Киев бил погоден од еден од најтешките напади од почетокот на војната, а Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 проектила во масивна офанзива.
Зеленски на мрежата „Икс“ изјави дека биле нападнати и регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировохрад, Миколаев и Киев.
Во Киев се оштетени згради во осум области, а спасувачките тимови трагаат по преживеани под урнатините на станбена зграда.
„Сè уште не е јасно колку луѓе се заробени. Русите уништија цел дел од зградата“, рече Зеленски.
Според досегашните податоци, најмалку 15 лица загинале, а 75 се повредени.
„Сите повредени ја добиваат потребната помош“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски ги нарече нападите чист тероризам и ги повика меѓународните партнери, вклучително и САД и ЕУ, да реагираат поодлучно.
„Путин ја продолжува војната затоа што верува дека може да си ја дозволи. Светот не смее да замижува. Терористите мора да ги почувствуваат последиците, а не невините цивили“, рече Зеленски.