Култура
Легендарната Клаудија Кардинале и оскаровецот Роџер Дикинс пристигнаа во Македонија

Големата италијанска и светска актерка, легендарната Клаудија Кардинале, како и оскаровецот Роџер Дикинс, денеска, во попладневните часови, пристигнаа во Македонија.
Актерката, која е придружувана од својата ќерка, изрази заинтересираност да ја запознае земјата што ѝ оддава почест со наградата „Специјална златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија.
Веднаш по пристигнувањето, таа рече дека ѝ се допаѓа што кај нас е топло и сончево и дека првите впечатоци ѝ се позитивни.
По кусиот одмор во Скопје, Кардинале продолжува кон Битола, каде што утревечер, на свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, ќе ѝ биде врачена наградата.
Британскиот кинематографер Роџер Дикинс, лауреат на „Златна камера 300“ за животно дело на годинешното 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, дојде во Македонија со својата сопруга Изабела.
Тој веќе пристигна во Битола, каде што го пречека директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, заедно со фестивалскиот тим. Роџер Дикинс е еден од најголемите живи светски кинематографери и нему утревечер ќе му биде врачена наградата, а в понеделник (24 септември) тој ќе одржи мастер-клас во рамките на програмата на ИФФК „Браќа Манаки“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
На 21 јуни во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“

Во рамките на манифестацијата Скопско лето 2025 на 21 јуни во Музејот на град Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ од нашиот реномиран уметник Томе Аџиевски.
Трагајки по топосите на источноевропската авангарда авторот се потсетува на филмот Сталкер од режисерот Андреј Тарковски. Во „забранетата зона“ од филмот тој препознава многу сличност со „менталната зона“ денес во Македонија.
Уметникот ќе раскаже 5 визуелни приказни за первертираната перцепција кон вистината што перманентно ни се случува од бившата држава па се до денес.
Публиката ќе биде вовлечена во „Зона фобија“рушевина од старата железничка станица сместена меѓу модерни облакодери.Утопија среде анти утопија,вистинска метафора за нашиот постземјотресен менталитет.
На изложбата симболично ќе бидат раздавани каталози од разни изложби на авторот по симболична цена,а собраните сретстве ќе бидат донирани на здружението за заштита на животноте „Anima Mundi“.
Култура
МНТ гостува во Струга со претставата „Торонто експрес“

Македонскиот народен театар ќе гостува во Струга со претставата „Торонто експрес“, која ќе се изведе на 18 јуни (вторник), со почеток во 20:00 часот, на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
Ова сценско дело е работено по мотиви од збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов Ѕоф. Режијата е на Јордан Симонов, а адаптацијата на текстот е заедничко дело на Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов.
Во централната улога настапува актерот Александар Микиќ, кој на свој препознатлив начин ќе го оживее светот на авторот, полн со хумор, апсурд и животни контрасти.
Настанот е дел од програмата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.
Култура
Љутков од Битола: Почнаа реконструкцијата и адаптацијата на поранешното кино „Партизан“, капитален проект вреден 96 милиони денари

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Тони Коњановски, денеска во Битола присуствуваше на отпочнување на реализација на капиталниот проект за реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан.
Љутков истакна дека проектот, вреден 96 милиони денари, претставува прв сериозен чекор кон новата културна иднина на градот.
„Како што ветив и при мојата неодамнешна посета, денес, во Битоа започнуваме со реализација на капиталниот проект за реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан вреден 96 милиони денари. Изведувач е битолската компанија „БВ Инженеринг ДООЕЛ“, а надзор врши „ЗИМ“ од Скопје. Реализацијата на проектот е предвидена до крајот на 2026 година“, рече министерот Љутков.
Министерот Љутков истакна дека затекнал нереализирани и закочени проекти, поради што Министерството посветено и системски работело на на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација.
„Во изминатиот период посветено, одговорно, фокусирано и системски работевме на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација. Затоа ова не е обичен проект. Ова е доказ дека кога има волја – има резултати“, рече Љутков.