Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски: Власта да одговори дали амандманите се напишани од грчката власт

Објавено пред

Достоинството на македонскиот народ е ставено на тезга од страна на Зоран Заев, кој крои нов Устав напишан по грчки инструкции, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

„Владата, министерот Никола Димитров како потписник на договорот и Зоран Заев како договарач на овој документ, мора да престанат со криење. Гласачите мора да ги знаат вистинските факти за да донесат правилна лична одлука на 30 септември. Точни ли се информациите дека амандманите се веќе подготвени и се кријат од јавноста? Дали амандманите се напишани од грчката власт и доставени како нон пејпер? Внимавајте, Владата, извршната власт, е должна да одговори дали амандманите се скроени за Уставот и се подготвени не од македонската Влада, туку од грчката и им се дадени на македонските власти во форма на нон пејпер? Дали Владата ангажирала само пензиониран професор по уставно право за само технички да ги среди амандманите што им се доставени. Зошто Владата прифаќа капитулантски однос Грција да ги пишува амандманите што Собранието на Република Македонија евентуално треба да ги усвои?“, праша Стоилковски.

Тој додаде дека власта во оваа кампања мора да им ги даде на граѓаните клучните одговори и моменти околу организирањето на референдумот, како и да не ги доведува во заблуда.

Македонија

Стоиме на располагање, велат од Министерството за здравство по информаациите за апсењето на директорот на геријатрија

Објавено пред

Министерството за здравство соопшти дека се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи“, велат од Министерството за здравство.

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), приведени се две лица под сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

Од Обвинителството засега не изнесуваат повеќе детали, а според неофицијалните информации во јавноста, едниот од приведените е Мухсин Арифи, в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во акција на МВР и Обвинителството приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание

Објавено пред

Две лица се приведени под сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

dobivaj vesti na viber

Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Од Обвинителството засега не изнесуваат повеќе детали, а некои од медиумите неофицијално објавија дека еден од приведените е Мухсин Арифи, в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пациентите се категоризираат според потребите за рехабилитација по пожарот во „Пулс“, соопшти Министерството за здравство

Објавено пред

Во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица по пожарот во Кочани, соопшти Министерството за здравство.

dobivaj vesti na viber

Во болниците во земјата во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои четворица се хоспитализирани на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.

Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.

За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од болницата „Пирогов“ во Република Бугарија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Во акција на МВР и Обвинителството приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание

Две лица се приведени под сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Акцијата е во координација на...

Македонија2 часа

Мицкоски бара нова пресуда за прегазената Теодора во Тетово: „Ова не е правда“

Премиерот Христијан Мицкоски побара да се разгледа работењето на судијата во Тетово, кој вчера досуди две години затвор за возачот...

Македонија3 часа

Две средни училишта во Скопје добиле дојави за бомби

Во две средни училишта на територијата на Скопје утрово стигнале дојави за поставени бомби. Од полицијата информираа дека биле извршени...

Македонија3 часа

Четворица повредени во пожарот во Кочани ќе бидат отпуштени од болницата во Софија

Четворица пациенти, кои се лекуваат во болницата „Пирогов“ во Софија, Бугарија, денеска ќе бидат отпуштени од болница, изјави Маја Аргирова,...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче во Брисел: Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени

Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување,...

Топ5 часа

Кривични против три лица од Струмица: грабнале 32-годишна жена

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради...

Европа5 часа

Трамп ја одби понудата на ЕУ: „Не, тоа не е доволно“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од...

Свет6 часа

(Видео) Се активира вулкан на Филипините, пепелта се издигна на речиси 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција

Продолжува ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините, а колоната од пепел се издигна на околу 4.000 метри...

Свет7 часа

Кина одговори на заканата на Трамп за нови царини: Ќе се бориме до крај

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа“ на американскиот пристап и вети дека ќе...

Европа8 часа

Зеленски првпат потврди дека украинските сили се наоѓаат во руската област Белгород

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат потврди дека украинските трупи се активни во рускиот регион Белгород за да ги...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Газа е неверојатно вреден недвижен имот, би било добро да го поседуваат САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека сака САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа, опишувајќи ја палестинската енклава...

Македонија21 час

Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Нејзинита...

Македонија23 часа

29-годишниот Aлександар е 61. жртва на пожарот: имал 35 отсто изгореници од трет степен

Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, е 61. жртва на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Тој почина денес...

Македонија1 ден

Потребни се итни акции за спас на Преспанското Езеро, клучна соработката со владите во Грција и Албанија

Првиот вицепреммиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија „Рамсар“, предводена...

Македонија1 ден

Очигледно, направена е некаква грешка, рече Мицкоски за царината од САД, очекува бргу да се коригира

Премиерот Христијан Мицкоски очекува бргу да се коригира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон Македонија од 33 отсто....

Македонија1 ден

Се зголемува капитацијата за матичните лекари, за гинекологија и за стоматологија

Владата донесе одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори по општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април...

Македонија1 ден

Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ

Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на...

Топ1 ден

Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка

Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско,...

Топ1 ден

Тетовец загина во сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

Вчера во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински...

Македонија1 ден

Најстудено утрово на Попова Шапка, најмногу снег во Крушево

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...