Македонија
Лавров: Русија не се меша за референдумот во Македонија за разлика од западните лидери
Русија не агитира за едната или другата опција при гласањето на претстојниот референдум за името, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Ве повикувам да видите на социјалните мрежи, интернетот, медиумите и да забележите што говори Русија по повод референдумот за името. Ние не велиме нешто што би можело да се протолкува како агитација при гласањето на еден или друг начин“, изјави Лавров за време на прес-конференцијата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како одговор на прашањето дали Русија влијае врз состојбите на Балканот.
Рускиот министер за надворешни работи истовремено повика да се обрне внимание на бројот на гости од Западот, кои месецов ја посетија Македонија.
„Тоа се лидери на голем број европски земји, претставници на раководството на САД“, рече тој и заклучи дека западните официјални претставници во своите изјави во Скопје не се плашат да заземат страна за референдумот во полза на договорот за името.
„Ако тоа не е мешање во внатрешните работи, тогаш не знам што може да се нарече мешање“, додаде Лавров.
Министерот за надворешни работи на Русија денеска престојуваше во Босна и Херцеговина, каде што оствари средби со претставниците на институциите на БиХ и со официјални лица во Република Српска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

