Соопштенија
СДСМ:Зошто на ВМРО-ДПМНЕ му пречат повисоки плати за над 53 000 вработени?
Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против тоа вработените во здравството, образованието и социјалната заштита да добиваат повисоки плати. Зошто на ВМРО-ДПМНЕ му пречи растот на платите во клучните сектори?Над 53 илјади вработени во здравството, образованието и детските градинки добиваат покачување на платите за 5 отсто и тоа почнувајќи од септемвриската плата. Таквото покачување, освен што носи повеќе пари во над 53 илјади семејства, дополнително ќе влијае и на спиралата на раст на платите, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, унапредувањето на јавното здравство, социјалната заштита и образованието се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, затоа што токму тие се темелите на општеството. Влогот во човечки капитал е влог за квалитетни и задоволни наставници, поквалитетно образование, како и квалитетни и задоволни доктори во јавното здравство.
,,Трендот на растот на платите ќе продолжи во годините кои следат, а со влезот во Европската унија и НАТО, растот на платите ќе добие забрзано темпо.Позитивен пример за тоа даваат искуствата на Бугарија каде што по влезот во ЕУ просечната плата пораснала двојно, како и искуството на Романија каде што просечната плата по влезот во ЕУ пораснала четирикратно.Бидејќи како држава се стремиме за ЕУ и НАТО интеграции и подигање на стандардот на платите, засилено се работи на создавање на еден нов систем на плати со кои вработените ќе добиваат достоинствено зголемување , како одговор на достоинствените и благородни професии кои ги извршуваат”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, со поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, денеска даде поддршка за втор градоначалнички мандат на Горан Герасимовски, којшто воедно е и актуелен градоначалник на Општина Центар.
Таа, потенцира дека сега е моментот да се изберат резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања, токму затоа ја дава поддршката на Горан Герасимовски, кој, според Зајкова, ја препознава граѓанската визија, има искуство и е подготвен да работи посветено за доброто на заедницата.
„Одејќи накај Собрание (бидејќи работиме на новиот Предлог- закон за комунална полиција), наидов на предизборните активности на кандидатот за градоначалник на општината во која живеам. Водејќи се од визијата дека на граѓаните им се потребни искусни луѓе кои испорачуваат резултати, а не изговори, упатувам особен повик до сите граѓани кои во првиот круг гласаа за кандидати кои не влегоа во вториот круг: Поддржете кандидат кој ги разбира вашите потреби, кој со своето искуство и посветеност ќе испорача повеќе резултати и веднаш ќе започне со работа – со завршување на започнатите проекти и реализација на нови решенија во интерес на сите нас. Затоа давам поддршка за луѓе како Горан – кои ја препознаваат граѓанската визија, имаат искуство и се подготвени да работат посветено за доброто на заедницата. Сега е моментот да избереме резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања“, напиша Зајкова, на својата објава на Фејсбук.
Соопштенија
На 160 локации во Центар нема место за пешаци оти „луѓето може и по коловоз“ и „инспекција и онака нема“, вели Белчева-Андреевска
Со фотографии од 12 градилишта од актуелните 160 на територијата на општина Центар, досегашната советничка во Советот на оваа Општината, Јана Белчева-Андреевска, покажа дека за пешаците нема место онаму каде што се гради.
Во објава на социјалните мрежи таа праша чии интереси се штитат и дали се жртвува достоинството на центарци.
„Ова се тротоарите на некои од 160-те активни градилишта во Центар по кои се движат луѓето, особено децата. Важат принципите: ‘важно се гради’, ‘луѓето може и по коловоз’, ‘никој ништо не ни може’, ‘инспекција и онака нема’, ‘надзор?!, што е тоа’“…
Кој е одговорот на прашањата: Чии интереси се штитат вака?
Дали достоинството на луѓето и заштитата на децата, наместо приоритет, вака свесно се жртвуваат ?“, стои во објавата на Белчева-Андреевска на социјалните мрежи.
Претходно, Белчева-Андреевска објави мапа од сите локации на кои се гради во Центар во изборниот период.
Соопштенија
„Влен“: Тетово не е пазар за Левицата и ДУИ/НАИ!
„Јавноста е шокирана, но само Бајрам Реџепи не се засрами ниту се покае. Откако беше фатен на дело на состаноци со претставници на Левица, партија позната по своите анти-НАТО, антизападни и антиалбански ставови, кандидатот на ДУИ/НАИ се обиде да го негира скандалот со смешни изговори. Но, фотографиите зборуваат сами за себе, Бајрам Реџепи седеше со оние кои навредуваат сè што е албанско, само за да обезбеди неколку гласови за политички спас“, велат од „Влен“.
„Наместо да се извини за овој јавен срам, Бајрам Реџепи дури и ги навреди жителите на Тетово, обвинувајќи ги дека ги „продале“ своите гласови. Во меѓувреме, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, се појавува на телевизија и ги нарекува Тетово, Чаир и Дебар “маали“.
Ова е вистинското лице на „патриотот“ на ДУИ, кој посегнува по Левица за парче власт. Ова е највалканата зделка што Тетово ја видело досега. „Патриот“ кој бара помош од Левица за да собори Албанец“, соопштуваат од „Влен“.
„Дали ова е „националната стратегија“ на ДУИ/НАИ да бараат спас од партијата што ги навредува Албанците и Косово?
Со каков морал се појавува Бајрам Реџепи пред тетовчани, откако се ракува со антиалбанците на Апасиев?
Каква зделка направи во замена за гласовите на Левица во Тетово“, прашуваат од „Влен“.

