Македонија
Лекарска дебата во Тетово за предизвиците на здравствениот систем во насока на европската интеграција
Штабот за референдумот на Демократската унија за интеграција во соработка со Здружението на лекари Албанци во Македонија и Комората на лекари на Македонија, во Тетово организираа дебата на тема:,,Предизвиците на здравствениот систем во насока на европската интеграција”.
Шефот на Централниот штаб на ДУИ за референдумот, Атила Реџепи рече дека во целата земја се организираат разни дебати со информативен карактер и една од нив е и денешната дебата при што покана беше упатена до сите лекари што работат во земјата и во странство.
,,Ние, со ова дебата даваме наш придонес сензибилирајќи го лобито на лекари и на здравствените служби, со ова дебата имаме за цел што поголемо вклучување во периодот што ни следи, бидејќи во случај на успешен референдум ќе се отворат и преговорите со Европска Унија, а здравството во овој процес има свој удел”, рече претседателот на Централниот штаб на ДУИ за референдумот, Атила Реџепи.
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи воедно и поранешен министер за здравство рече дека во четврток официјално почнува процесот на скрининг.
,,Ова е првиот пат што една делегација од 50 лица од службите на администрацијата на Македонија одиме во Брисел каде за два дека ќе ни се даде до знаење се што предвидува Европската Комисија, се што ние потребно за да ја трансформираме нашата легислатива. Од сите министерства ќе има преставници, при што ќе се вратиме во земјата за да видиме каде сме ние и потоа да ги одредиме нашите празнини за да ни биде појасно каде треба да стигнеме, бидејќи треба да го изготвиме акциониот план за да бидеме што по подготвени за време на преговорите. Започна да се подготви јадрото на преговарачката екипа каде се предвидуваат околу 1000 делови од преговарачката екипа, вклучувајќи ги тука сите алки на преговарачкиот ланец, опфаќајќи го тука и здравствениот систем”, рече Османи.
Учесник во ова дебата беше и министерот за здраство, Венко Филипче а во дискусијата се вклучија и проф. др. Омер Цемаили од Теарце, кардиохирург, доктор Флорим Цуцули од Кичево кардиолог и предавач во Универзитетот во Базел, доктор Гзим Рецепи, интернист во Загреб и претседател на Одборот на клиничката болница ,,Свети дух” во Загреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.

