Црна хроника
МВР: Фатени 55 пијани возачи, еден одбил да се тестира
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на викендов спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.
Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 244 возачи, алкотестирани биле вкупно 133 возачи, a кај 55 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, а еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање.
По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 55 мерки. Исклучени се 56 возачи од сообраќај, времено се одземени 55 возачки дозволи, издадени се 55 мандатни платни налози , еден прекршочен платен налог и откриени се 75 останати прекршоци.
Во текот на вчерашниот ден се до 24 часот во врска со контрола на брзина на движење на моторни возила: 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 80 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 70 платни налози, два прекршочни платни налози, писмено опоменати се осум возачи, откриени се 32 останати прекршоци, издадени 17 платни налози и 15 мандатни платни налози, информира МВР:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
13-годишно дете нападнато во Карпош, полицијата го истражува случајот
Во полицијата било пријавено дека 13-годишно момче било физички нападнато од четворица малолетници на подрачјето на Карпош, соопшти полицијата.
Во пријавата се наведува дека нападот се случил околу 14:30 часот, а малолетниците, кои биле познати на семејството, физички го нападнале момчето, при што еден од нив употребил и тврд предмет.
По нападот, како што се наведува, на малолетникот му биле упатени и закани поврзани со неговите двајца браќа.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Измама во Тетово: Двајца пријавени за земање пари за лажно посредување во Центарот за социјални работи
Две лица од Тетово се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело – измама.
Според полицијата, настанот се случил во октомври 2024 година, кога Х.А. (58) довела во заблуда лице од Тетово, уверувајќи го дека може да му помогне со посредување во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, со цел тој и неговата сопруга да остварат надомест за помош и нега од друго лице.
Откако го уверила оштетениот дека ќе ја заврши постапката, заедно со С.Р. (51) од него побарале потребни документи и парични средства. Подоцна, барањето за надомест било одбиено, а парите, како што се наведува, не му биле вратени.
По преземените мерки, СВР Тетово поднела кривична пријава, а случајот е доставен до надлежните институции за понатамошно постапување.
Црна хроника
Насилство во теретана во Тетово
Четири лица од Тетово се опфатени со кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти СВР Тетово.
Според полицијата, на 17 август 2025 година, во еден фитнес-центар во Тетово, а потоа и надвор од објектот, Б.А. (28), Б.А. (33), Х.Б. (19) и М.Ш. (33) физички го нападнале А.И. (32) од Тетово, при што му биле нанесени телесни повреди.
Фото: unsplash

