Македонија
Жерновски на 73-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски од утре ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе учествува на 73-та сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Во текот на престојот, предвидено е да учествува на билатерални средби со високи претставници на држави и влади, учесници на Генералното собрание.
На 25 септември, на покана на Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, Жерновски ќе присуствува на традиционалната годишна Трансатлантска вечера.
На покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, заменик министерот ќе присуствува на работна вечера со претседателите на Владите на земјите од Западен Балкан, како и на работниот појадок со мнистрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, организиран од страна на Регионалниот совет за соработка.
Исто така, за време на Генералната дебата на ОН, ќе присуствува и на Мировниот самит Нелсон Мандела 2018, како и на состаноците на министрите за надворешни работи организирани од страна на Централно Европската Иницијатива и на Јадранската повелба.
Фокусот на активностите на Жерновски, покрај темите од агендата на ГС, ќе биде ставен врз билатералната соработка, напредокот во реализацијата на стратешките надворешно-политички цели на РМ, со акцент на промовирање на новиот пристап во решавањето на билатералните и регионалните прашања, и во тој контекст на преземените активности, реформите на национален план, итн.
Посебен акцент ќе биде ставен на афирмација на придобивките од договорот со Грција за надминување на разликата околу името, вклучително и на низата активности во рамките на ОН што би следеле по неговото стапување на сила.Воедно ќе се афирмираат започнатите активности за забрзување на реформските процеси што се основа за членството на РМ во ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

