Македонија
Промовиран идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk
Во јавноста денеска беше промовиран идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk. Станува збор за платформа која претставува идеолошки и аналитички центар и која во себе спојува политички и граѓански активисти, чија примарна идеологија е конзерватизмот како десно или центар-десно политичка ориентација.
Дел од Conservative.mk се патриотскиот институт „Христо Узунов“, ВМРОпедија – онлајн енциклопедија за македонската револуционерна борба, УДАР – здружение на македонски патриоти и социјалниот медиум „Приказни од Булеварот“. Медиумски партнер на аналитичкиот центар е порталот „Трибуна“.
Промотивниот настан проследен од над 200 присутни, беше поделен на 2 дела, обраќања на дел од иницијаторите за создавање на платформата и дебата на тема: „Разбирајќи го конзерватизмот“.
Во првиот дел свои пригодни обраќања имаа: Александар Богоевски – главен уредник на интернет списанието „Conservative.mk“, Стјепан Покупец – уредник во „Conservative.mk“, Кристијан Мицкоски – управител на патриотскиот институт „Христо Узунов“ и Стефан Василевски – управител на платформата „Conservative.mk“.
Вториот дел од настанот беше дебатен и во него земаа учество: Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија, проф. д-р Самоил Малчески, поранешен студентски лидер и политички аналитичар, Кристијан Шкварек – претседател на контролниот совет на Младински конзервативен клуб во Софија (Бугарија), политички аналитичар и автор во сајтот „Conservative.bg“ и Бобан Тотовски, претседател на Е-спорт федерација на Европа.
Специјални гости на настанот беа претставници на бугарската интернет платформа „„Conservative.bg“, на чело со главниот уредник на проектот, Николај Облаков. Настанот беше воден од Јована Спасевска, член на УК на Граѓанско демократска унија – ГДУ и дел од уредничкиот тим на „Conservative.mk“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

