Македонија
Со акцијата за чистење во 11 Октомври – собрани се 8 тони отпад
Општина Кисела Вода, во рамки на есенската акција спроведе активности за целосно расчистување на сметот/отпадот во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради.
Со овие активности, во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради се собираше отпадот/сметот од улиците, тротоарите, тревните површини и парковите кои се под надлежност на Општината.
Покрај, ова се собираше кабаст отпад, а се кастреа и исушените гранки на дрвјата и грмушките. Во оваа акција беа собрани 8 тони отпад.
Општина Кисела Вода од почетокот на есенската акција, досега активности за чистење на сметот/отпадот спроведе во урбаните заедници Пржино и Црниче, 11 Октомври бараки и згради, во населба и село Драчево и во месната заедница Подстаница.
Активностите на локалната самоуправа за чистење на сметот/отпадот ќе продолжат да се одвиваат во четврток и петок во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.
Општина Кисела Вода уште еднаш апелира до сите граѓани отпадоците да ги одложуваат во поставените корпи и контејнери за отпадоци, да се придржуваат до Законот за јавна чистота, се со цел за почиста и поздрава животна средина, за поубава Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.

