Македонија
Обуки на мултидисциплинарен медицински персонал за намалување на мајчината и новороденечката смртност
Во рамките на партнерството на Фондот за населението на Обединетите нации – УНФПА, со Владата на Република Македонија, за намалување на мајчината и новороденечката смртност, денеска на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје почнува првата двонеделна обука на мултидисциплинирани тимови од гинеколози/акушери, неонатолози и акушерки за ефективна перинатална грижа на здравствени работници во согласност со најновите протоколи и стандарди на Светската здравствена организација.
„Пред неколку месеци, токму тука, со поддршка на Фондот за населението на Обединетите нации – УНФПА, и на меѓународни консултанти на Светската здравствена организација, здравствени работници (гинеколози/акушери, неонатолози и акушерки), се обучија со примена на стандарди и упатства на СЗО“, изјави на отворањето директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.
Таа додаде дека денеска токму тие обучувачи ја почнуваат првата од неколку планирани обуки што ќе се одржат во родилиштата во Македонија и оти придобивките од оваа обука веќе се гледаат бидејќи дел од обучувачите што беа дел од оваа клиника ги применуваат овие практики, кои придонесуваат за намалување на негитивните исходи по новороденечкото здравје.
Специфичност на обуката е што ќе се работи во мултидисциплинарни тимови сочинети од три профили на здравствени работници – гинеколози/акушери, неонатолози и акушерки – за да се стекнат со најновите знаења и вештини базирани на докази, а се состои од теоретски и практичен дел. Оваа обука, каде што ќе учествуваат 24 медицински лица, и сите активности понатаму имаат цел периодот пред и за време на породувањето да го направат побезбеден за мајката и новороденчето, односно грижата за бременоста и породувањето да се базира на еден сеопфатен пристап со акцент дека бременоста и породувањето е важно лично, семејно и социјално искуство.
Средствата за имплементација на ова партнерство се обезбедени со еднакво учество на Владата на РМ и Фондот за населението на Обединетите нации (УНФПА), а се во функција на приоритетите на Владата и Програмата на УНФПА во нашата држава за периодот 2016-2020.
„Обуката е една од клучните од аспект на грижата на мајката и новороденчето пред и по породувањето. Затоа таа се прави во мултидисциплинарни тимови, а најбитно е што се применуваат практиките базирани на докази“, изјави Афродита Шаља-Плавјанска, програмски аналитичар за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) и млади од УНФПА. Таа додаде дека по завршувањето на обуката, ќе се прави мониторинг на спроведените практики.
Во рамките на овој договор, покрај обуките, се предвидува интензивна комплементарна поддршка, која ќе се состои од менторство при спроведување на стекнатите знаења од обуката, а се однесуваат на перинатална грижа, адаптација и примена на протоколи, акредитација на материјали за обука, кои ќе се вклучат во континуираната медицинска едукација на гинеколозите, неонатолозите и акушерките, како и јакнење на свеста кај жените и нивните семејства за знаците за опасност во текот на бременоста и породувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

